Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Израел тврдеше биле сомнителни, но нова снимка сугерира на ликвидација на 15 спасувачи

Published

on

Снимката ја објави Црвената полумесечина. Спротивно од досегашните тврдења на Израел дека конвојот од амбулантни возила се движел без вклучени ротации и светла што за војниците било сомнително и повод за напад, на видеото се гледа дека возилата се со вклучени ротации и други светлосни уреди

Во моментот кога амбулантните возила застануваат за да помогнат на друго возило запрено до патот, почнуваат истрели. Телата на 14 убиени веќе беа пронајдени во масовна гробница. Осум се идентификувани како припадници на Црвената полумесечина, петмина се припадници на цивилната одбрана, а еден е вработен во агенција на Обединетите нации. По едно лице се уште се трага

Поголемите светски медиуми денеска ја реобјавија снимката која ја сподели Црвената полумесечина, а во која се гледа начинот на кој биле нападнати вкупно 15 припадници на спасувачки служби во близина на Рафа, Газа. Видеото било најдено на телефонот на еден од убиените и се објавува околу две недели по настанот.

Во првата минута од видеото може да се види како амбулантните возила се движат во конвој. Ноќе е, а тие имаат вклучени светла, вклучително и ротациски светла со кои јасно се идентификуваат дека се спасувачки и служби за Итна помош. Во еден момент забележуваат возило излетано од патот, застануваат и персоналот од амбулантите се упатува кон излетаното возило. Во тој момент, почнуваат рафални истрели од огнено оружје.

По настанот, телата на вкупно 14 лица од конвојот беа најдени во масовна гробница. По едно лице и натаму се трага. Израел, до овој момент, тврдеше дека војниците реагирале затоа што дел од возилата се движеле сомнително, без светла. Уште кога се случи настанот, Израел наиде на силна осуда од странство.

Нападот на конвојот, од кој сега има и видео-материјал, е најголемиот напад на спасувачки служби од страна на Израел. Настанот доаѓа откако на 18 март Израел ги обнови нападите во Газа. Оттогаш ја блокира хуманитарната помош наменета за енклавата, со цел да го принудат Хамас да ги прифати новите услови за продолжување на примирјето, наместо да се продолжи кон втората фаза.

Обединетите нации и други групи за помош го обвинуваат Израел дека го крши меѓународното право со блокирањето на хуманитарната помош за Газа и употребата на гладот како оружје.

Свет

Американските бомбардери B-2 Spirit слетаа на аеродромот Сан Диего Гарсија – дочекани со подароци и воени почести

Published

on

На аеродромот Сан Диего Гарсија денес слета најновиот американски бомбардер B-2 Spirit, еден од најмодерните авиони во арсеналот на Военото воздухопловство на САД. Престижниот воен авион беше дочекан со свечена церемонија, во која беа вклучени почесна стража, традиционален воден поздрав и симболични подароци од локалните власти.

Како дел од пријателскиот гест, на екипажот на B-2 им беа врачени рачно изработени модели на авиони, плакети со гравирано лого на островот и кошници со локални специјалитети. Претставници на американската војска изразија благодарност за топлиот прием, потенцирајќи ја важноста на стратешката позиција на Сан Диего Гарсија.

Ова слетување се смета за дел од поширока воена мисија и демонстрација на способностите на американските стелт бомбардери.

Continue Reading

Свет

Крвава пресметка во влез од зграда: Маж го избодел до смрт комшијата, залудни напорите на лекарите да го спасат!

Published

on

Денеска во една станбена зграда во Сисак се случила крвава пресметка, по што на местото на настанот пристигнала брзата помош и полицијата, но и покрај сите напори да се спаси животот на повредениот 51-годишен маж, лекарите од Општата болница не успеале да го сторат тоа бидејќи, за жал, тој им подлегнал на повредите.

Имено, околу 11 часот и 30 минути на улицата Галдовачка дошло до конфликт меѓу двајца мажи, соседи од истата зграда. Од полициската управа Сисак велат дека маж повредил друг маж со остар предмет на скалите од зграда.

Разговарано со сведоци
– Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Сисак каде му е укажана лекарска помош, но лицето починало. Вториот човек, односно сторителот е уапсен и во тек е кривична истрага – велат од полицијата.

По разговор со сведоци и претрес во просториите на осомничениот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На осомничениот маж му е извршен преглед и земена крв и урина за да се утврди дали во моментот на делото бил под дејство на некаква опојна дрога.

Телото на починатиот ќе биде испратено на обдукција за да се утврди точниот механизам на повредите кои биле фатални.

Continue Reading

Свет

Соборен еден од најмодерните борбени авиони во Украина Ф-16, загина 26-годишниот пилот

Published

on

Павло Иванов, 26-годишен воен пилот на украински борбен авион Ф-16, загина при извршување на борбена мисија на 12 април, соопшти денеска украинското воздухопловство.

„Украинските борбени пилоти Ф-16 извршуваат борбени мисии во различни насоки и во неверојатно тешки услови речиси секој ден. Тие обезбедуваат воздушна поддршка на копнените сили и гаѓаат непријателски цели. Украинските пилоти работат до максимумот на човечките и на техничките способности, ризикувајќи ги своите животи во секоја борбена мисија. Павло беше еден од нив“, се вели во извештајот на украинската авијација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски добил извештаи од војската за смртта на капетанот Павло Иванов, а сите детални околности за смртта на украинскиот пилот на Ф-16 ги утврдува државната меѓуресорска комисија.

„Ние сме горди на нашите воини. Ќе одговориме силно и прецизно“, рече Зеленски.

На ловецот беа истрелани три противвоздушни проектили, тврди рускиот пилот Воевода.

На интернет се појави и фотографија од починатиот пилот, кој претходно управуваше со Су-25, по што беше на преквалификација за Ф-16.

Украински извори сметаат дека Ф-16 можел да биде соборен во борба со руски ловец.

„Прелиминарно, станува збор за ракета Р-37“, се вели во извештајот на украинските аналитичари.

Р-37 (во класификацијата на НАТО се води како АА-13 „Стрела“) е советско-руска ракета воздух-воздух со долг дострел (300 км), наведувана ракета воздух-воздух со најдолг дострел во светот, која може да се користи од ловците пресретнувачи МиГ-31БМ. 

Р-37М, пак, може да се користи од Су-35 и Су-57.

Ова е втора официјално потврдена загуба на Ф-16 од украинската армија по таа во август минатата година, кога загина пилотот Олексиј Мес.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк