Connect with us

Република

(Видео) Сообраќајка на завеаниот превој „Стража“

Published

on

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на планинскиот превој „Стража“ откако се судрија два автомобили.

Поради врнежите од снег, патниот правец е завеан а сообраќајот се одвива по зимски услови.

Поради снегот и сообраќајката има застој на овој фрекветнен пат.

Видеото може да го погледнете тука

Извор: 24инфо

Република

ЈП Комуналец Битола ги демантира лажните информации: За храна за бездомни животни потрошени се само 1.600 евра, а не 60.000

Published

on

За храна за бездомните животни во прифатилиштето досега се потрошени само 1.600 евра, а не 60 000евра! До крајот на спроведување на рамковниот тендер ќе бидат реализирани 6.000 евра!

Почитувани,

Ги демантираме сите информации дека во ЈП Комуналец во Општина Битола се потрошени над 50.000 евра за храна за кучиња.

До 31.12.2024 година, предметниот период на завршната сметка, потрошени се помалку од 100.000 денари.


Тие информации претставуваат груба манипулација и свесна лага од неколку локали политичари. Зарадитранспарентноста и одговорноста кон јавностадозволете да ви пренесеме точни информации кои биги добиле и граѓаните.
Во согласност добиената дозвола за работа наприфатилиштето за бездомни животни во мај 2024 година , ЈП Комуналец имаше обврска да распишерамковни јавни набавки за храна за бездомнитеживотни и за надворешни услуги од ветеринарниклиники. Такви постапки се спроведуваат и во Скопје и во Струмица.
Согласно добиените напатствија од Агенција за хранаи ветеринарство и отпочнување на новата дејност соработа за Прифатилиштето ЈП ги распиша дветеРАМКОВНИ набавки на кое се избраа повекеекономски оператори.
Сакаме да ги демантираме невистините кои излегоа вомедиумите по излагање на советник во советот наОпштина Битола дека се потрошени 60.000 евра захрана за кучиња. Во врска со рамковната спогодба захрана есклучена на ден 04.09.2024 година на сума од3.000.000 плус ДДВ согласност нарачките кои сенаправени заклучно со 31.12.2024 се потрошенипомала сума од 100.000 денари и со оваа динамика докрај на јавната набавка сумата што ќе се искористи ќее околу 360.000 денари.
Со оглед на тоа што оваа јавна набавка бешераспишана за прв пат по добивањето на дозвола заработа во изминатата година, наредната година ќе седимензионира согласност потрошените суми и плановите и програмите според кои работи ЈП.
Сакаме да се демантираат овие невистини кои сеизнесени и нанесуваат штета на прифатилиштето коеработи согласно сите стандарди , а исто така и нацелото јавно претпријатие.

Continue Reading

Република

Вработување со средно во Тетово: Плата 29.000 денари плус бонуси

Published

on

pari

Expanda LLC е водечка дистрибутивна компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Philip Morris TKP од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени со знаење, вештини и тимски дух, кои со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментов бараме мотивирани кандидати за приклучување кон тимот за продажба на IQOS™ уредите со намален ризик од Philip Morris International.

Што е IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International, кој за разлика од обичните цигари што горат тутун, работи на принцип на загревање на тутунот.

За повеќе информации за производот, посетете ја страницата: www.pmiscience.com/our-products/platform1

Како експерт за продажба на IQOS™, ќе бидете одговорни за:

• Едукација на возрасни пушачи за IQOS/LIL SOLID на продажното место;

• Продажба на IQOS/LIL SOLID уреди и други поврзани производи согласно со продажниот план;

• Поддршка на корисници и купувачи на IQOS/LIL SOLID уреди;

• Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.

Доколку вие сте:

• Со живеалиште во Тетово или околните општини;

• Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;

• Насочени кон постигнување резултати, организирани и структуирани во работата;

• Ориентирани кон иновации и нови технологии;

• Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

• Најмалку IV степен на стручна подготовка (предност има универзитетска диплома);

• Одлично познавање на албански и македонски јазик;

• Познавање на MS Office (основно ниво);

• Искуство во продажба или маркетинг (по можност во малопродажба).

Ние ви нудиме:

• Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;

• Нетo месечни примања од 29.300 денари + атрактивен месечен бонус до 18.000 денари, во зависност од работниот учинок;

• Работно време: 40 часа неделно. Деталниот распоред ќе биде дополнително споделен од страна на супервизорот.

Аплицирајте со испраќање на вашето CV преку полето за Брза Апликација. Крајниот рок за доставување на апликации е 19.04.2025 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе се финализира во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

За аплицирање на следниов линк

Continue Reading

Република

ОПШТИНА БИТОЛА ЗАПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЧЕТИРИ УЛИЦИ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ

Published

on

Со поставување на времен режим на сообраќај и работни активности на улицата „11 Март“, Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом.
Со овај проект се опфаќа целосна реконструкција на улиците: „Панде Николов“, „11-ти Март“, „Козара“, кракот од ул. „Козара’ и ул. „Чеде Филиповски“ кои што се наоѓаат во централното градското подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1 дел”.

Реконструкцијата на водоводна мрежа со вкупна должина од 1.060,0 м и реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа со вкупна должина од 1.049,0 м, го финанисра Министерството за транспорт, а изведувач на работите е АД Енергомонт Скопје. Вредноста на договорот за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа изнесува 9.057.122,00 ден, додека надзор над реконструкцијата на водоводната мрежа и мешовитата канализациона мрежа, ќе врши Евро Консалтинг Скопје.

Реконструкцијата на постоечката коловозна конструкција и тротоарите со вкупна должина од 735,0 м и реконструкцијата на уличното осветлување ќе се финансираат од општинскиот буџет. Општина Битола за реконструкција на коловозот на улиците: “11 Март, Панде Николов, Козара и Чеде Филиповски Даме“ склучи договор за изведба во вредност од 13.149.817,00 ден, додека за реконструкција на уличното осветлување склучен е договор во износ од 1.586.392,00 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк