Connect with us

Црна Хроника

Ја киднапирале со „Ауди“ среде ден

Published

on

Тројца жители на Струмица вчера се уапсени во село во беровско откако претходно во Делчево упаднале во куќа и грабнале жена, чијашто возраст не се соопштува, насила одведувајќи ја со автомобил, соопшти полицијата.

„На 06.04.2025 во 14:40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја зеле 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Црна Хроника

Не им доаѓа памет на угостителите: Полицијата во акција летаат кривични пријави

Published

on

policija

Угостителски објект во Куманово точел алкохолен пијалак на 14-годишник, поради што полицијат аподнесе неколку кривични пријави.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(74) од Куманово, како и против правно лице – угостителски објект од Куманово и Н.С.(18) од Куманово, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 21.02.2025, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, при што бил затекнат 14-годишник како консумира алкохолен пијалок.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен тетовец во вечерна акција – полицијата реагираше веднаш!

Published

on

На 10.04.2025 во 20.30  часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Црна Хроника

Физички напад во Тетово: Прилепчанец претепан во автомобил, осомничените фатени – полицијата пронајде сомнителни предмети!

Published

on

На 10.04.2025, во врска со лишувањето од слобода на Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола, а кои беа пријавени од М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово  физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при Биро за Јавна Безбедност на МВР и полициски службеници од СВР Битола биле извршени претреси во три локации во подрачјето на СВР Битола и биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По документирање на случајот, до Основно јавно обвинителство Тетово ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк