Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Рекордно ниски температури во Македонија денес: Еве каде било најстудено, а каде наврнало најмногу снег

by Уредник
07.04.2025
in Uncategorized
Рекордно ниски температури во Македонија денес: Еве каде било најстудено, а каде наврнало најмногу снег

Во Македонија денеска преовладува студено време, особено на повисоките планини, каде што снежните покривки се доста значителни. На Попова Шапка и во Крушево утрово температурата е -12 степени, а во Крушево има 24 сантиметри снег. Висината на снежната покривка во Битола изнесува 22 сантиметри, 18 сантиметри во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп.

До 08:30 часот најниски температури се измерени во Маврови Анови и Крушево, каде што температурата беше -7 степени, додека во Охрид биле -6, а во Тетово и Претор -5 степени. Во Битола и Берово се измерени -4 степени, додека во Крива Паланка биле -3, а во Прилеп и Виница -2. Во Куманово и Штип температурата била -1, а во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 0 степени. Во Велес и Демир Капија температурата се искачила на 1 степен, додека во Кавадарци било 2 степени, а во Гевгелија 4 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Пожаране, 22 литри на квадратен метар, додека во Крушево паднале 21 литар, а во Охрид и Маврови Анови 19 литри. Во Тетово паднале 15 литри, во Битола 14, а во Претор 13 литри. На Попова Шапка паднале 10 литри, во Виница 6, во Прилеп 5, во Берово 4, а во Крива Паланка 3 литри. Во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид имало 2 литри, а во Штип, Демир Капија и Струмица 1 литар на квадратен метар.

Денеска ќе биде променливо облачно и студено, со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде што ќе достигне брзини над 70 км/ч. Претпладне, на некои места ќе има услови за слаб снег. Дневната температура ќе се движи од 3 до 11 степени.

Next Post
Додека бројот на загинати во Мјанмар надмина 3.500, властите очекуваат соочување со нова катастрофа

Додека бројот на загинати во Мјанмар надмина 3.500, властите очекуваат соочување со нова катастрофа

Полицијата уапси кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта

Полицијата уапси кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта

Препорачани Вести

Унгарија се повлекува, Орбан донесе одлука која ја растресе Европа

Унгарија се повлекува, Орбан донесе одлука која ја растресе Европа

10 months ago
“Отидовме кај синот и снаата на гости, но никогаш не помислив дека родениот син ќе ни направи вакво нешто”

“Отидовме кај синот и снаата на гости, но никогаш не помислив дека родениот син ќе ни направи вакво нешто”

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.