Connect with us

Магазин

Американските научници „оживеаа” вид на волк кој изумрел пред 12.500 години

Published

on

Научниците од биотехнолошката компанија Colossal Biosciences, со седиште во Далас, успеале да оживеат вид на волк кој исчезнал пред околу 12.500 години, правејќи го првото изумрено животно што повторно живее.

Во својот голем проект, тие создадоа три дурволк кученца – Ромулус, Рем и Калеси – користејќи античка ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени, со што ги промениле гените на сивиот волк, најблискиот жив роднина на праисторискиот волк.

Волкот, познат како Aenocyon dirus, бил инспирација за волците прикажани во ТВ серијата „Игра на тронови“. Овој врвен предатор некогаш се движел низ Северна Америка и бил поголем од современите сиви волци, со малку поширока глава, густо светло крзно и посилна вилица.

Компанијата „Колосал“ веќе работи на оживување на мамутот, додото и тасманскиот тигар од 2021 година, но за првпат ја објавува својата работа за волкот. Бен Лам, ко-основач и извршен директор на Colossal, изјави дека ова е „огромен напредок и првиот од многуте успешни примери кои покажуваат дека нашата технологија функционира“.

Според Лам, тимот користел ДНК од заб стар 13.000 години и череп стар 72.000 години за да создаде здрави волци. Во соопштението од компанијата се истакнува дека објектот е сертифициран од Американското хумано друштво и е регистриран во Министерството за земјоделство на САД.

Научниците успеале да соберат два комплетни генома на Aenocyon dirus користејќи древна ДНК извлечена од фосили, кои потоа ги споредиле со геномите на живи каниди, како што се волците, чакалите и лисиците. Ова им овозможило да откријат генетски варијанти кои се специфични за волковите, како што се бели влакна и подолго, густо крзно.

Со помош на CRISPR технологијата, тимот направил 20 промени во 14 гени на сивиот волк, а потоа клонирал најперспективни клеточни линии и ги пренел во донаторски јајца. Ембрионите биле пренесени на сурогати, а три бремености довеле до раѓање на првиот изумрен вид во современото време. Сурогатите биле домашни кучиња, најчесто големи песови од мешана раса.

Според информациите од Colossal Biosciences, машките младенчиња Ромулус и Ремо се родени на 1 октомври 2024 година, додека женското кученце Калеси е родено на 30 јануари 2025 година.

Магазин

Дневен хороскоп за среда – 30 април: Среќни вести за три хороскопски знаци

Published

on

ОВЕН

Денес сте полни со енергија и ентузијазам, за разлика од вчера. Подготвени сте да се соочите со сите обврски и луѓе околу вас. Сепак, некои моменти во врската ве прават напнати.

БИК

Утрината започна поспоро, но околу пладне сè се активира. Иако треба да се фокусирате на работа, мислите ви се на друго место – најверојатно на емотивен план.

БЛИЗНАЦИ

Некој ви ги расипува плановите и не знаете како да се вклопите со него. Работите се одвиваат бавно, а и некој што се обидувате да го освоите ви бега – тоа ве нервира и забавува во исто време.

РАК

Можеби ќе постигнете важен договор, но нема целосно да ве задоволи. Некој близок ви замерува за некои ваши изјави или постапки – размислете дали сте биле премногу остри.

ЛАВ

Не се откажувајте од плановите и покрај пречките. Можете да се справите со сè, само бидете упорни. Во љубовта, ве очекува еден мирен и стабилен ден.

ДЕВИЦА

Ќе успеете да решите нешто што ве мачело подолго време, со мала помош од некого. Денес запознавате интересни луѓе, има флерт и добра забава.

ВАГА

Опседнати сте со некоја грешка од минатото и тоа ви пречи да се фокусирате. Време е да продолжите понатаму. Во љубовта, не сте подготвени за компромиси денес.

ШКОРПИЈА

Иако сте свесни дека доцните со обврските, не чувствувате желба да се брзате. Присутна е комуникација со саканата личност, но не онаква каква што посакувате.

СТРЕЛЕЦ

Денешниот ден го тестира вашето трпение. Се среќавате со луѓе што ве нервираат со нивните барања. И во љубовта, не сте во најдобро расположение.

ЈАРЕЦ

Горди сте на постигнатото и не дозволувате критики да ве погодат. Во љубовта, владее хармонија и меѓусебно разбирање, што ве прави среќни.

ВОДОЛИЈА

Иако знаете дека имате многу обврски, денес одлучувате да ги одложите. Многу повеќе ве привлекува разговорот со личност што ви се допаѓа.

РИБИ

Малку претерувате со барањата кон колегите, иако сте во право. Бидете помеки. Во љубовта, преземете иницијатива – не очекувајте сè да дојде само од себе.

Continue Reading

Магазин

НА 43 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА ИВАН ИЛИЕВ, ЕДЕН ОД НАЈНЕОБИЧНИТЕ МАКЕДОНСКИ ФОТОГРАФИ – во последните години живеел во Сан Франциско

Published

on

Почина Иван Илиев, прекрасен човек, даровит, духовит, креативен, еден од најинтересните и најнеобичните македонски фотографи. По потекло од Кочани, последниве години живееше во Сан Франциско.

На Окно, како што пишуваат колегите, објавени се многу негови фотографии. Во 2019 Иван беше дел од Темплум книгата „12 македонски фотограф(к)и“. Во таа книга Иван напиша:

„Фотографијата за мене почна како експеримент. Нeкој ми даде стара камера и филм, а после почнав да собирам стари аналогни апарати од роднини и да сликам со нив. Еден магазин кој објавуваше слики од читатели објави моја фотка и некој ми рече дека имам око за фотографија. Тогаш бев тинејџер и тоа беше доволно да помислам дека ме бива за нешто. Детската љубопитност премина во сериозно хоби,а хобито во еве веќе дведецениска љубов.

На почетоците, исто така, еден драг повозрасен пријател ми рече дека не мора да сликам цело куче за да покажам дека тука има куче. Ако му ги сликам само увото или опашот пак ќе знаеме дека е куче. Тоа ми беше интересно од аспект дека можеш да раскажеш приказна само со дел од неа. Потоа открив дека можеш да поврзеш различни делови за да раскажеш сосема нова, твоја приказна, реалност, да, но низ твој ремикс, а со вкрстување елементи можеш и да наведуваш, манипулираш, а со тоа и да оставаш простор за различни толкувања или доживувања… Сите тие комбинации ми беа фасцинантни.

Роднините и пријателите се простуваат од Илиев преку социјалните мрежи. 

Фотографијата не одговара на идентитетот

Continue Reading

Магазин

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

Published

on

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), викендов истовремено се одржаа два многу важни настани за јавното здравство, Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија и шестиот Балкански ден на хематологијата организиран од Европската хематолошка асоцијација.

Во МАНУ на едно место се собраа врвни експерти за хематологија од Македонија, Европа и САД. 

Балканската експертска јавност покажа многу висок интерес за сите сесии кои беа внимателно осмислени за да ги третираат сите актуелни терапевтски достигнувања во справување со најтешките хематолошки болести.

Организацијата на овој престижен хематолошки состанок токму во Скопје е резултат на долгогодишна соработка меѓу Македонското здружение на хематолози, Европската хематолошка асоцијација (EHA) и националните хематолошки здруженија од балканските земји.

Македонските хематолози и во оваа прилика потврдија дека се во чекор со најновите терапевтски научни достигнувања и дека во ниту еден сегмент не заостануваат зад светските експерти во оваа многу значајна медицинска област. 

Настанот официјално го отворија академик Димитар Ефремов и проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис. Во своите обраќања, тие го истакнаа значењето на регионалната и меѓународната соработка за напредокот на медицинската наука и подобрување на грижата за пациентите.

Академикот Еремов, при воведното обраќање ги поздрави присутните во името на МАНУ и истакна дека е горд што академијата е домаќин на овој значаен научен собир кој за него има особено значење, бидејки гостите се негови долгогодишни соработници во унапредувањето на научните достигнувања во областа на лимфопролиферативни болести.

– Ова е првпат да сме домаќини на ваков настан, кој се совпаѓа со Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија со меѓународно учество. Програмата беше фокусирана на најновите достигнувања и современи клинички практики поврзани со лимфопролиферативни нарушувања. Неверојатно е чувството да пишуваме историја за македонската хематолошка наука, знаејќи дека секој наш чекор води кон подобар третман и лекување на пациентите, изјави проф. д-р Пановска-Ставридис, искажувајќи благодарност до колегите од Италија, Велика Британија, Германија и целиот Балкан.


Програмата на конгресот опфати предавања за современите терапии кај лимфомите, хроничната лимфоцитна леукемија, мултиплиот миелом и други хематолошки малигнитети, како и сесии посветени на најновите генетски истражувања и иновативни пристапи во третманот на крвните заболувања. Особено внимание беше посветено на детска хематологија и на улогата на невладиниот сектор во застапување на пациентите.

Конгресот понуди вредни научни новости, но и создаде можности за вмрежување, идни партнерства и продлабочување на соработката меѓу медицинската заедница во региот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк