Connect with us

Република

Дел од тетовскиот регион денес без струја

Published

on

Делови од општина Боговиње денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата, соопштува електродистрибуцијата.

Од 09:00 до 14:00 часот струја нема да имаат објектите што се наоѓаат над реката во селото Боговиње, како и дел од населеното место Долно Палчиште.

Дополнително, прекин на струја ќе има и во друго подрачје од Боговиње, во периодот од 09:50 до 11:10 часот.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да покажат разбирање.

Република

Утре без струја делови од централното градско подрачје на Тетово и неколку населби

Published

on

evn

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (17 април) делови од Тетово ќе останат без електрична енергија во различни периоди од денот.

Од 06:00 до 06:30 часот струја ќе нема во дел од централното градско подрачје, во објектите во близина на градскиот пазар.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат објектите на улицата Браќа Миладинови, во близина на маркетот „Кипер“.

Од 09:00 до 14:00 часот ќе има прекин на електрична енергија и во селото Палчиште.

Во периодот од 11:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат објектите во дел од градот, во Т.Н. населба Пржова Бабча, кај кружниот тек за Попова Шапка.

Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на прекините и да преземат мерки за заштита на електричните уреди.

Continue Reading

Република

„Да се дислоцира ѓубрето, не задушуваат“ – протест пред Општина Кичево

Published

on

Група самоорганизирани граѓани на Кичево денеска излегоа на протест пред зградата на Општината, барајќи итно решавање на проблемот со депонијата што се наоѓа веднаш зад Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.

Протестот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од несреќата во Кочани.

Потоа, организаторите побараа итна дислокација на ѓубрето, истакнувајќи дека депонијата станала извор на неподнослива смрдеа и директна закана по здравјето на граѓаните.

„И покрај тоа што неколку пати институциите ни рекоа дека оваа локација е само привремена, и дека проблемот со отпадот ќе се реши во краток рок – ние и понатаму гледаме дека работата не мрднала од мртва точка. Напротив, количеството на отпад само се зголемува. Бевме сведоци дека ѓубрето неколку пати беше запалено – не знаеме дали намерно или случајно – но знаеме дека пред седум месеци имаше голем пожар и три дена живеевме во чад и неподнослива миризба“, рече еден од организаторите.

Загрижени за своето здравје и за животната средина, граѓаните испратија јасна порака до градоначалникот: да се најде решение – и тоа веднаш.

Протестот помина мирно, но организаторите најавија дека ова не е крај. Нов протест е закажан за за две недели, со порака дека нема да запрат сè додека не се исполнат нивните барања.

Прашан за овој проблем, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, за ТВ21 изјави дека управувањето со депониите е наследен проблем од претходните влади, а сегашната локална самоуправа ќе продолжи да го менаџира отпадот на ваков начин сè додека не се изгради регионалната депонија во Ново Село, Битолско.

„Го почитувам гласот на граѓаните и се обидувам да го дадам најдоброто од себе“, изјави Дехари.

Continue Reading

Република

Илиевски: Инвестираме во спортски терени за здрава и активна младина во Брвеница

Published

on

Општина Брвеница започна нова инвестициска програма за изградба и уредување на спортски терени во сите населени места, најави градоначалникот Јовица Илиевски.

„Целта е јасна – да им овозможиме на младите простор каде што ќе можат да ги развиваат своите спортски вештини, но и да се насочат кон здрав начин на живот. Тоа за нас како општина е приоритет“, изјави Илиевски.

Проектот предвидува модерни спортски површини, соодветна инфраструктура и опрема која ќе биде достапна за ученици, млади спортисти и рекреативци. Овој чекор, според локалната самоуправа, е дел од поширока стратегија за поддршка на младите и промоција на здрави животни навики.

Со ваквите иницијативи, Брвеница се позиционира како општина која сериозно вложува во иднината на своите граѓани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк