Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Доколку имате ваква главоболка, веднаш одете на лекар: Неколку знаци кои укажуваат на тумор на мозокот

by Уредник
08.04.2025
in Uncategorized
Доколку имате ваква главоболка, веднаш одете на лекар: Неколку знаци кои укажуваат на тумор на мозокот

Главоболките се вообичаен проблем, но некои од нив можат да бидат знак на посериозни здравствени проблеми кои никогаш не треба да се занемарат.

Неурологот Стивен Алдер од Re:Cognition Health истакнува дека главоболките се чест симптом на тумори на мозокот, а се јавуваат кај 50 до 60 отсто од пациентите.

Механизмите преку кои туморите на мозокот предизвикуваат главоболки вклучуваат зголемен интракранијален притисок, директна иритација и промени во протокот на крвта.

„Туморите можат да заземат простор во черепот, предизвикувајќи отоци или блокирајќи протокот на крв, што води до зголемен притисок на мозокот. Покрај тоа, туморите можат да притискаат или да истегнуваат чувствителни ткива како што се крвните садови или нервите, предизвикувајќи болка. Туморите исто така можат да ја нарушат нормалната циркулација на крвта во мозокот“, рече неурологот.

Главоболките поврзани со тумор на мозокот имаат различни карактеристики кои можат да помогнат во нивното разликување. Еве пет клучни знаци на кои треба да се обрне внимание:

Стални главоболки кои се влошуваат

За разлика од вообичаените напнатостни главоболки или мигрени, главоболките предизвикани од тумор на мозокот имаат тенденција да се влошуваат со текот на времето. Овој напредок може да вклучува зголемување на интензитетот, зачестеноста или траењето на болката.

Главоболки наутро

Доктор и предавач на биомедицински науки на Универзитетот Централ Ланкашир вели дека долго лежење може да го зголеми притисокот во мозокот. Тоа значи дека лицата кои имаат тумор на мозокот може почесто да имаат главоболки наутро, по добар сон.

Болка во одредена област

Главоболките кои се локализирани во одреден дел на главата исто така можат да укажуваат на локацијата на туморот на мозокот, поради притисокот или блокираната течност.

Отпорност на лекови против болка

За разлика од вообичаените главоболки, главоболките поврзани со тумор на мозокот често не реагираат добро на лекови против болка без рецепт, како што се парацетамол, ибупрофен или аспирин. Овој недостаток на олеснување може да биде клучен предупредувачки знак.

Други симптоми

Главоболките предизвикани од тумор на мозокот често се придружени со други симптоми кои укажуваат на зголемен интракранијален притисок или директни ефекти на мозокот. Ова може да вклучува мачнина и повраќање, како и промени во видот (замаглен или двојно гледање), напади, слабост на мускулите или утрнување.

Кога да побарате помош

Доктор Алдер нагласува дека ако главоболките се повторуваат и се разликуваат од вообичаените главоболки, важно е да се консултирате со специјалист.

Главоболките придружени со невролошки симптоми, како што се утрнување, слабост или тешкотии во говорот, треба да се испитаат. Серизно тешки главоболки кои не реагираат на конвенционално ублажување на болката исто така бараат медицинска помош.

Next Post
Ова се најзагадените овошја и зеленчуци со пестициди, Македонците ги обожаваат и секојдневно ги купуваат

Ова се најзагадените овошја и зеленчуци со пестициди, Македонците ги обожаваат и секојдневно ги купуваат

Огромни бројки и страшна цел: Откриено колку украински војници влегле во Русија, но и која била нивната примарна цел

Огромни бројки и страшна цел: Откриено колку украински војници влегле во Русија, но и која била нивната примарна цел

Препорачани Вести

Чувар на гробишта одбра „тивко“ место за продажба на кокаин

9 months ago

Вкупен дневен промет од 503,7 милиони денари, со значителна активност на редовниот пазар

7 days ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.