Connect with us

Магазин

Народни верувања: Еве што значи кога во април ќе заврне снег

Снегот што падна во април годинава повторно не беше неочекуван. Според народните верувања, ненадејните промени во времето се знак од природата, потсетник за луѓето да внимаваат на своето однесување и да ги решат дилемите што ги мачат веќе подолг период.

Иако снегулките повремено паѓаат во април секоја петта година, тие обично имаат краткотраен карактер. Сепак, тие се и знак дека „опашката“ на Баба Марта може да се продолжи подолго отколку што се очекувало.

Според народното верување ова може да се случи од крајот на март до средината на април. Во овој период може да се случи студени ветрови да дуваат, а на некои места и да се појави лапавица.

Пролетта, како симбол на новото будење на природата, раѓањето и постигнувањето хармонија, носи порака дека ако не ја постигнеме таа хармонија, природата нè предупредува да внимававме на нашето однесување и да почнеме да живееме во согласност со неа, со другите и со самите себе.

Според народните верувања, има неколку предвидувања за годината врз основа на временските услови во април:

Ако април е убав, мај ќе биде лош.

Ако април е влажен, тогаш мај ќе биде поволен.

Априлскиот дожд се смета за благослов, а мај ќе биде уште подобар.

Ако април има дожд, мај ќе биде изобилен.

Влажен април носи сув јуни, а сув април носи влажен јуни.

Ведрите ноќи во април се лоши за овошјето и виното.

По априлските грмотевици, веќе нема мраз.

Колку е потивок и поубав април, толку е потешко и поагресивно времето во мај.

Според оваа традиција, снегот во април е и потсетник да го завршиме она што не сме го завршиле во претходните месеци, што нè спречувало да одиме напред. Ако се фокусираме на тоа, среќата и просперитетот ќе нè следат во месеците што следат.

Исто така, април е добар период за започнување на нови работи, бидејќи тие ќе донесат успех. Ако сте се чувствувале изгубено или несигурно во претходниот период, сега е вистинскиот момент да ги решите дилемите и да се ослободите од верувањата кои не ви носеле корист.

Advertisement

Магазин

Небесен спектакл над Македонија: Геминидите вечерва и утре ќе го достигнат својот врв

Метеорскиот дожд Геминиди, еден од највпечатливите астрономски настани во годината, го достигнува својот максимум вечерва и утре навечер. Астрономите најавуваат одлични услови за набљудување, особено ако времето биде ведро, а најдобар поглед ќе имаат жителите на северната хемисфера, пренесува Би-Би-Си.

Метеорските дождови се појава што настанува кога Земјата минува низ облаци од остатоци зад комети или астероиди. Кај Геминидите, изворот е астероидот 3200 Фетон – редок пример каде метеорски дожд не потекнува од комета. Кога честичките прашина и карпи влегуваат во атмосферата, тие согоруваат и создаваат светли траги познати како „ѕвезди што паѓаат“.

Иако повеќето метеори се бели, дел од нив може да светат во зелена, жолта, црвена или сина боја, во зависност од хемискиот состав. Натриумот, магнезиумот и калциумот создаваат ефекти слични на огномет, што го прави овој дожд особено атрактивен.

„На ведро ноќно небо може да се видат и до 100 метеори на час, што е исклучително многу. Ова е практично најсилниот метеорски дожд во годината“, изјави Роберт Маси, астроном од Кралското астрономско друштво во Велика Британија.

Оваа година, условите се поволни бидејќи Месечината е во опаѓачка фаза и ќе изгрее подоцна во текот на ноќта, што значи помало пречка за набљудување. Најдобар ефект ќе има од места далеку од градско осветлување, со чист и отворен поглед кон небото.

Геминидите најдобро се гледаат во периодот од 22:00 до 2:00 часот по полноќ, а за набљудување не е потребна никаква опрема – доволно е само голо око и малку трпение.

„Ова е едно од ретките природни задоволства што се целосно бесплатни. Излезете, погледнете кон небото и уживајте – тоа е момент кога можете да заборавите на секојдневните грижи и да се поврзете со универзумот“, порачува д-р Маси.

Continue Reading

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг