Connect with us

Свет

Огромни бројки и страшна цел: Откриено колку украински војници влегле во Русија, но и која била нивната примарна цел

Published

on

Украинската армија, која го нападнала регионот Курск, конкретно барала борци од чеченските специјални сили „Ахмат“, изјавил жител на селото Казачја Локња, пренесува РИА Новости.

Според неговата изјава, украинската војска признала дека околу 50.000 луѓе влегле во регионот Курск на првиот ден од инвазијата. Главната цел, како што тврди, била да се најдат борци од единицата „Ахмат“, а не само припадници на руската армија.

За потсетување, масивната офанзива на украинските вооружени сили во регионот Курск започнала на 6 август 2024 година. Украинските сили зазеле околу 1.250 квадратни километри територија во почетната фаза на офанзивата во август 2024 година, контролирајќи 92 населени места, вклучувајќи го и најголемиот заземен град Суџа.

Сепак, руската контраофанзива започната во ноември 2024 година постепено ја намалила украинската контрола на помалку од 500 квадратни километри до март 2025 година, при што поголемиот дел од територијата бил повторно вратен под руска контрола.

Свет

МУ ЗАМЕРУВААТ НА ТРАМП ЗА ОДЕЛОТО Ги прекрши ли претседателот на САД строгите правила на Ватикан?

Published

on

На погребната церемонија на папата Франциск денеска во Ватикан, актуелниот американски претседател Доналд Трамп се најде под силен оган на критики поради неговото облекување, што многумина го оценија како чин на непочитување.

Иако строгите протоколарни правила за ваков настан налагаат темен костум и задолжително долга, црна вратоврска – Трамп се појави облечен во темносин костум, дополнет со сатенска сина вратоврска и беџ со американското знаме. Овој избор веднаш предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.

„Зошто Трамп е единствениот светски лидер кој носи син костум? Зарем нема чувство за прилика?“, се прашуваа корисници, додека други коментираа: „Колкаво непочитување – Трамп во син костум на погреб“ и „Зарем немал барем темносин или црн костум? Каде му е почитта?“.

Дополнителна споредба се направи и со присуството на поранешниот американски претседател Џо Бајден, кој избра сина вратоврска, и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна без вратоврска. Сепак, најголем дел од светските лидери, меѓу кои и британскиот опозициски лидер, се придржуваа до воспоставената традиција и беа облечени во елегантна црна облека.

Во контраст со Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија Трамп, која го прославуваше својот 55-ти роденден, беше облечена во црн капут, со црн вел од чипка и ракавици – целосно усогласени со строгите правила на облекување пропишани за вакви прилики.

Иако вакви церемонии се моменти на универзално изразување почит, изборот на облека на Трамп остави впечаток на несериозност и повторно го стави во центарот на јавните полемики.

Continue Reading

Свет

ЗОШТО КРАЛОТ ЧАРЛС НЕ ДОЈДЕ НА ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА? Старите црковни правила сѐ уште владеат

Published

on

Додека шефови на држави, кралски височества и високи црковни великодостојници денеска му оддаваа последна почит на папата Франциск во Ватикан, забележливо отсуство предизвика бројни прашања: каде е кралот Чарлс?

Иако британскиот монарх важи за еден од највлијателните светски лидери, неговото отсуство од погребната церемонија е резултат на длабоко вкоренети традиции и строги протоколарни правила кои важат уште од 16. век.

Како врховен поглавар на Англиканската црква, кралот Чарлс не може да учествува во церемонии на Римокатоличката црква во својство на британски монарх. Оваа црква, која официјално се одвои од Ватикан во 1534 година со актот на кралот Хенри VIII, има свои јасно утврдени канонски правила што го дефинираат односот со останатите христијански конфесии.

Тогаш, кралот Хенри VIII, поради одбивањето на папата Климент VII да му дозволи развод од Катерина Арагонска, основал независна Англиканска црква и самиот се прогласил за нејзин поглавар. Оттогаш, секој британски монарх ја носи титулата Врховен гувернер на Англиканската црква, со надбискупот на Кентербери како нејзин духовен водач.

Иако кралот Чарлс повеќепати лично се сретна со папата Франциск, неговото отсуство на денешната церемонија е целосно во согласност со праксата на британската круна. Истото правило го почитуваше и кралицата Елизабета II, која за време на своето долгогодишно владеење никогаш не присуствуваше на погреб на папа.

Кога папата Јован Павле II почина во 2005 година, тогашниот принц Чарлс, како претставник на кралицата, присуствуваше на церемонијата. Тогаш, неговото присуство имаше и посебен симболизам – се случи еден ден пред неговата венчавка со Камила.

Овој пат, кралското семејство повторно одлучи да го испочитува протоколот: наместо кралот, на церемонијата во Ватикан присуствува неговиот син, принцот Вилијам.

Интересен е фактот дека кралот Чарлс беше последниот светски лидер што оствари средба со папата Франциско – само две недели пред неговата смрт, за време на државната посета на Италија.

Британскиот двор и понатаму покажува доследност кон старите канонски правила, со што ја нагласува посебноста и историската автономија на Англиканската црква, која и денес има клучна улога во дефинирањето на односите меѓу двата најголеми христијански света.

Continue Reading

Свет

Откриено што рекол Зеленски на погребот на папата Франциск

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон денес по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим објави дека Украина е подготвена за безусловно примирје.

Во објава на мрежата X, тој рече дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.

Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир.“ Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на коалицијата на добронамерните, започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне ова примирје и целосен и траен мир во Украина“, рече Макрон.

Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кој присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим, а Елисејската палата објави дека состаноците поминале добро.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк