Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Париз ја прави најголемата промена во својата историја, дали вакво нешто им е потребно и на градовите во Македонија?

by Уредник
08.04.2025
in Uncategorized
Париз ја прави најголемата промена во својата историја, дали вакво нешто им е потребно и на градовите во Македонија?

На референдумот одржан крајот на март, дури две третини од жителите на Париз (66 проценти) ја поддржаа идејата да се претворат уште 500 улици во француската престолнина во зони без автомобили, додека 34 проценти од гласачите беа против.

Сепак, според медиумите, на овие избори излегле само 4 проценти од 1,4 милиони регистрирани гласачи.

Со оглед на тоа дека преку истата трансформација досега веќе минале повеќе од 200 улици, кога планот ќе биде реализиран, бројот на пешачки улици во Париз ќе се зголеми на повеќе од 700. Тоа ќе биде повеќе од десетина проценти од сите улици во Градот на светлината.

Покрај тоа што автомобили претходно беа забранети во 218 улици, на 70 од нив биле создадени нови зелени површини, кои го прават животот и јавните простори во Париз попријатни, одржливи и поздрави, пренесува порталот Клима 101.

Одлуката кои улици ќе бидат претворени во пешачки зони ќе биде донесена во консултација со локалното население. Како што е најавено, во секој од 20-те арондисмани, односно административни окрузи, планирано е да се отстранат автомобили од околу 25 улици.

Овој референдум ќе резултира со елиминација на дополнителни 10.000 паркинг места, како додаток на 10.000 кои веќе беа отстранети од 2020 година.

Станува збор за последен во серијата потфати под водство на актуелната градоначалничка Ана Идалго, чија цел е да се намали загадувањето на воздухот, бучавата и штетните емисии во Париз, додека на местото на автомобилите и паркинг местата ќе се создаде зеленило.

Во минатото, жителите на Париз веќе се изјасниле за слични прашања: на референдумот од 2023 година излегоа со забрана за изнајмување електрични тротинети, а минатата година беше воведено поскапување на цените на паркингот за големи теренски возила.

Иако се реализираат овие промени, Париз заостанува зад европските престолнини кога станува збор за зелена инфраструктура, која вклучува приватни градини, паркови, дрвореди и мочуришни предели.

Според податоци од Европската агенција за животна средина, само 26 проценти од главниот град на Франција е покриен со зелена инфраструктура, додека просекот за европските престолнини изнесува 41 проценти.

Next Post
Трамп ја одби понудата на Европа и им постави услов: Купете го ова, па ќе разговараме

Трамп ја одби понудата на Европа и им постави услов: Купете го ова, па ќе разговараме

Меџити го повика Таравари на размислување: Не значи ако не се договориш дома, да одиш кај ДУИ!

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за четврток – 5 јуни: Еден хороскопски знак го очекува дополнителен притисок од блиските денес

Дневен хороскоп за четврток – 5 јуни: Еден хороскопски знак го очекува дополнителен притисок од блиските денес

8 months ago
Доколку ова лето планирате одмор во Грција, внимавајте на ова: Лесно може да заработите казна од 350 евра

Доколку ова лето планирате одмор во Грција, внимавајте на ова: Лесно може да заработите казна од 350 евра

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.