Connect with us

Свет

Трговска војна: Трамп се заканува со нови царини од 50% за Кина, вкупниот товар може да достигне 104%

Published

on

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 50% царини за кинескиот увоз, доколку Кина до утре не ги повлече контрамерките што ги објави минатата недела. Со тоа, вкупниот царински товар за некои производи би можел да достигне дури 104%.

Новите давачки би се додале на веќе постоечката стапка од 34%, како и на претходно воведените 20% кои администрацијата на Трамп ги активираше уште во јануари. Таквото зголемување би значело драстично покачување на трошоците за американските компании, особено оние што зависат од увоз на кинески производи.

Ова не е првпат Трамп да се закани со високи царини во трговски конфликти. Во минатото, тој најави 200% давачки за европскиот алкохол и 50% за канадскиот челик и алуминиум, но тие мерки не беа целосно спроведени по постигнати компромиси.

Сепак, односите со Кина остануваат постојано затегнати, и тоа не само за време на неговата администрација. И покрај сигналите од Вашингтон за отворање на преговори, вклучително и во контекстот на платформата TikTok, кинеските власти досега не покажале подготвеност за дијалог.

Свет

Силен земјотрес ја погоди Романија

Published

on

Земјотрес од 4,1 степени регистриран во источниот дел на Романија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, петок (18 април 2025), во 17:43 часот, на територијата на Романија, во реонот источно од градот Брашов.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил забележан на географска ширина 45,7307 и должина 26,9585, а хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 80 километри под земјината површина.

Во моментов нема информации за настаната материјална штета ниту за повредени лица. Надлежните служби остануваат на терен и внимателно ја следат состојбата.

Continue Reading

Свет

Следната недела ќе биде клучна за војната во Украина: Започнуваат завршните преговори помеѓу САД и Украина

Published

on

Следната недела нова рунда преговори меѓу Украина и САД за заеднички инвестициски фонд

Заменик-министерот за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Качка, соопшти дека следната недела во Соединетите Американски Држави започнува нова фаза од преговорите за создавање на заеднички инвестициски фонд меѓу двете земји. Преговорите, како што најави Качка, ќе започнат во четврток, на 24 април.

– Во моментов паралелно работиме со украинските и американските правни тимови за да ги решиме сите технички прашања и да останат само најчувствителните, кои ќе бараат политичко решение – изјави Качка за украинската агенција „Укринформ“.

Тој додаде дека од текот на преговорите ќе зависи дали договорот ќе може да биде финализиран до 26 април.

– Подготвени сме да бидеме максимално ефикасни, но обемот на документацијата е голем – се работи за десетици страници – објасни тој.

Качка истакна дека нема разговори за трансформација на американската воена и економска помош во долг, туку дека суштината е САД, како еден од партнерите во Фондот, да заработи барем онолку колку што има вложено преку помош.

Според него, Украина исто така ќе има корист од идните инвестиции што ќе произлезат од функционирањето на овој фонд.

Договорот за основање на заеднички инвестициски фонд, како што најави Качка, ќе биде потпишан директно меѓу украинско државно претпријатие и Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (DFC).

На 17 април, двете страни веќе потпишаа Меморандум за заемна намера за економско партнерство, со кој формално е потврдена волјата за постигнување на заемно корисен договор.

Конечниот договор треба да биде финализиран и потоа ратификуван од парламентите на двете држави. Владата на Украина денеска го објави целосниот текст од меморандумот.

Continue Reading

Свет

Германија блокира испораката на 40 моќни борбени авиони

Published

on

Привремената влада на Германија, предводена од Социјалдемократите и Зелените, го блокираше планираниот извоз на 40 борбени авиони Еурофајтер Тајфун во Турција, објави вчера германскиот медиум Handelsblatt, повикувајќи се на извори запознаени со доверливи внатрешни дискусии.

Според извори од германската влада, главната причина за запирање на дозволата за извоз е апсењето на турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу под обвинение за корупција, што властите во Берлин го опишаа како „напад врз турската демократија“. 

Опозицијата во Турција тврди дека обвиненијата за корупција против Имамоглу се политички мотивирани.

Да потсетиме, поранешниот градоначалник на Истанбул беше уапсен на 23 март поради наводни коруптивни активности. Обвиненијата против Имамоглу вклучуваат сомнително купување на три вили на една од најатрактивните локации во Истанбул од градежната компанија на неговото семејство, во која тој поседува 60 отсто од акциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк