Connect with us

Црна Хроника

Вознемирувачко видео: Снимен моментот кога се срушил покривот во дискотеката во Доминиканската Република

Published

on

Бројот на загинати во рушењето на покривот во клубот во Доминиканската Република се зголемил на 27, изјави директорот на Центарот за итни случаи (COE), Хуан Мануел Мендез.

Трагедијата се случила во моментот кога во клубот настапувал познатиот пејач, кој, како што се стравува, останал под урнатините.

Сè уште не е познато како дошло до рушењето на покривот на познатиот клуб „Џет Сет“. Инцидентот се случил за време на настапот на славниот пејач Руби Перез.

На социјалните мрежи кружи снимка од моментот кога покривот се урнува врз гостите. Во еден момент музиката престанува и само се гледа темнина.

Менаџерот на познатиот пејач соопштил дека Руби Перез сè уште се наоѓа под урнатините.

Локалните власти соопштиле дека повеќе од 100 лица биле пренесени во неколку болници во околината со амбулантни возила.

„Нашиот град се буди по страшната трагедија која се случи во ноќниот клуб ‘Џет Сет’. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјавила градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.

Директорот на секторот за вонредни ситуации изјавил дека спасувачките екипи ќе останат на терен се додека постојат шанси да има преживеани под урнатините.

Во овој момент, спасувачите се обидуваат да утврдат колку луѓе се наоѓаат под урнатините, користејќи термални сигнализатори.

Црна Хроника

Пајакот во Тетово на терен: 33 казнети, 18 возила подигнати

Published

on

Во текот на вчерашниот ден (29 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 44 возачи (ТЕ-33 и ГВ-11) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 25 (ТЕ-18 и ГВ-7) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 56 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-30). 

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да ја прилагодат според ограничувањата пропишани со закон и сообраќајни знаци, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, и за личната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Направил 11 кражби за краток период

Published

on

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари.

На 16.01.2025 О.В. е лишен од слобода, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела.

Continue Reading

Црна Хроника

КОЈ Е ТОЈ ТОЛКУ БОГАТ ОХРИЃАНЕЦ ШТО ОД НЕГО БИЛЕ ИЗНУДЕНИ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА – лихварка и лихвар заработија кривични пријави од МВР

Published

on

СВР Охрид поднеле кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик. 

„Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари (731 илјади евра – н.з.), кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид. Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари (432 илјади евра – н.з)“, се вели во соопштението од МВР.

Излегува дека тие од лицето Б.Р. од Охрид изнудиле вкупно 1,16 милиони евра, при што логично се поставува прашањетпо кој е тој толку богат охриѓанец, што имал толку многу пари, па за да може некој да му изнуди 1,2 милиони евра, и зошто тој ги дал тие пари, односно која била причината за некој од него да изнуди толку висок износ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк