Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 10 април

Published

on

ОВЕН

Не се чувствувате осамено, имате поддршка од луѓето околу вас и се обидувате да најдете најдобар начин за вклучување во работата која може да биде многу профитабилна. Имате проблеми со некои Близнаци и не можете да се согласите со некоја Водолија. Ќе ви биде потребно трпение.

БИК

Нема причина за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрата соработка со колегите е клучна за успешен напредок на проектите, бидејќи сами нема да постигнете многу. Во друштво на некоја Риба се чувствувате одлично, па поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ви понудат да патувате заедно, но вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можеби ќе се отворат нови шанси за започнување на сопствен бизнис. Лекувајте ја досадата во друштво на вашите најблиски. Постапките од минатото ќе ви го сменат размислувањето за вашите сегашни одлуки.

РАК

Проблем од минатото ќе започне да влијае на сегашната ситуација која едвај ја одржувате. Вашиот партнер може да ве напушти поради неисполнети ветувања. Имате проблеми и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица може да ви понуди помош, прифатете ја.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои ви биле многу драги. Соработката со Стрелец или Близнаци е во најдобар ред. Иако ќе се залагате за важни цели, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте – во иднина ќе има уште шанси.

ДЕВИЦА

Не се загрижувајте за финансиските проблеми од минатото, тие започнуваат да се подобруваат. Вашето здравје е во одлична форма. Проблемите во љубовта може да ви го одвлекуваат вниманието и да ви го одземат времето потребно за деловните обврски.

ВАГА

Се чувствувате добро во друштво на некој кој ги поттикнува вашите амбиции, но премногу залагање може да ви пречи. Можно е да добиете поволни вести од некој кој живее во странство. Ќе ви биде потребен совет од Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршени обврски и ситуација која не знаете како да ја решите. Стравувате од загуба на контрола и можноста да изгубите некој поради вашето однесување. Можен е договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот како што сакате, потребно е да се вклучите во интересни проекти кои бараат познавање на странски јазик. Без разлика дали проектот е краток или долг, работете напорно на него, бидејќи постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Претерано сте упорни и додека се чувствувате несигурни, се обидувате на сите начини да му ги наметнете на Бикот вашите идеи за заеднички проект. Бидете трпеливи, особено во контактите со борбени знаци. Добро се чувствувате во друштво на амбициозно лице.

ВОДОЛИЈА

Овој ден е еден од подобрите, особено за оние кои се подготвени да се договорат со соработниците и се отворени за нови деловни можности, вклучувајќи ново работно место или нови обврски. Добро се сложувате со Стрелец и Рак кои ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и работа која ќе биде различна од онаа што ја имате. Овој ден може да биде поволен за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи, а вашата амбиција е во прв план. Не се согласувате со лица кои сакаат да доминираат во друштвото.

Магазин

Овие граѓани да ги проверат сметките, неочекуван прилив до 3 мај!

Published

on

Сезоната на Бик пристигна, а положбата на планетите ќе им одговара на некои знаци од Зодијакот повеќе од другите, па ќе успеат да заработат големи пари до 3 мај.

Сезоната на Бик е одличен период од годината за финансиска стабилизација, па време е да размислите за вложување пари и инвестирање.

Ако се прашувате кој ќе има пари до 3 мај, меѓу нив се и знаците како: Бик, Овен, Рак и Риби.

БИК

Сезоната на вашиот знак прави парите да ви се лепат. Имате успешни трансакции, а парите ќе ви бидат приоритет. Можност за напредок.

ОВЕН

Сонцето во Бик ви дава одлична позиција за заработка. Ќе имате нови преговори за висината на заработката, па ќе профитирате.

РАК

Марс во Лав постојано работи за вас, па можете да очекувате големи профити. Сега е време да соберете пари за работата што сте ја направиле во последните месеци.

РИБИ

Влегувањето на Венера во Овен ви носи вредни подароци и помала заработка. Не е многу, но ќе ви значи во деновите што доаѓаат.

Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Стрелец.

Continue Reading

Магазин

Трите најсилни хороскопски знаци: Луѓето родени во овие знаци се жива сила на природата

Published

on

Животните предизвици ги претвораат во победи: Овие хороскопски знаци имаат најсилна психа

Како ќе реагираме кога животот не’ става на испит, зависи од многу фактори – од воспитувањето, средината во која растеме, но и од тоа во кој хороскопски знак сме родени.

Според астролозите, секој знак носи свои специфични карактеристики и начини на справување со стрес и предизвици. Но, три знаци особено се истакнуваат по менталната сила, стабилност и упорност. Тие од секој предизвик знаат да изградат победа.

1. Шкорпија – Родени за борба

Шкорпијата ја предводи оваа листа. Под влијание на моќната планета Плутон, тие се навикнати на тешкотии уште од најмала возраст. Нивниот карактер е длабок, интензивен и отпорен.

Иако не ги откриваат лесно своите чувства, Шкорпиите знаат како да се изборат со внатрешните бури без никој да забележи. Тие се вистински „тврд орев“ – никогаш не знаете низ што минуваат, затоа што секогаш делуваат силно и присебно.

2. Девица – Силата на логиката

Веднаш зад Шкорпијата, тука е Девицата – најаналитичниот и најрационален знак во Зодијакот. Девиците се познати по тоа што на секој проблем му пристапуваат со ладна глава и детална анализа.

Не дозволуваат емоциите да ги водат, и токму затоа ретко губат контрола. Во моменти кога другите паничат, Девицата веќе работи на план Б – организирана, трпелива и практична. Тие не дозволуваат ситници да им ја нарушат внатрешната рамнотежа.

3. Јарец – Достоинствено низ секоја бура

Јарците се уште еден знак кој ја избегнува преголемата чувствителност. Како вистински земјен знак, Јарецот се води според разум, а не според емоции. Тие се луѓе што ретко покажуваат што ги мачи – секогаш се со исправена глава и цврсто стојат на земја.

Иако предизвиците не се полесни за нив отколку за другите, тие знаат како да се извлечат со стил – мирно, достоинствено и без драма. За нив, секој пад е нова шанса за издигнување.

Continue Reading

Магазин

Утрински навики кои ви ја цедат енергијата: Неколку причини поради кои се чувствувате уморно во текот на денот

Published

on

Четири утрински навики што тивко ви ја „крадат“ енергијата: Еве што велат стручњаците

Начинот на кој го започнуваме денот често го одредува нашето расположение, ниво на енергија и фокус до самиот крај на денот. Иако многумина сонуваат за продуктивно и инспиративно утро, вистината е дека некои навидум беззначајни утрински навики всушност го саботираат тој план уште пред да излеземе од дома.

Стручњаците предупредуваат дека одредени обрасци на однесување веднаш по будењето можат да го нарушат природниот биоритам и да предизвикаат умор, раздразливост, па дури и зголемена желба за нездрава храна. Добрата вест е дека овие навики можат лесно да се променат – но најпрво треба да ги препознаеме.

1. Одложување на алармот

Притискањето на копчето „одложи“ можеби ви дава чувство дека добивате неколку минути повеќе одмор, но тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

Експертите објаснуваат дека враќањето во сон на само неколку минути ја нарушува рамнотежата на спиењето и создава т.н. „инерција на спиење“, поради која можете да се чувствувате уште поуморно кога конечно ќе станете.

2. Скокање од кревет без момент за себе

Многу луѓе веднаш по будењето посегнуваат по телефонот, читаат пораки или се фрлаат во дневните обврски. Но, ако утрото го започнете без мирен момент за себе – без кратка рутина, без здив – го зголемувате нивото на стрес и го активирате телото во „режим на преживување“. Психолозите препорачуваат барем неколку минути спокој, истегнување или длабоко дишење пред да започне денот.

3. Прескокнување појадок и вода

По неколку часа спиење, телото е природно дехидрирано. Прескокнувањето на водата и појадокот може да го успори метаболизмот и да влијае врз концентрацијата. Дури и ако не сте љубител на обилен појадок, експертите велат дека една чаша вода и лесен оброк можат да направат огромна разлика во нивото на енергија.

4. Недостаток на движење

Ако по будењето веднаш останете во кревет или седнете без да се раздвижите, телото добива сигнал дека денот сè уште не започнал. Експертите нагласуваат дека не е потребен цел тренинг – доволно е само неколку минути лесно истегнување или кратка прошетка низ домот за да ја активирате циркулацијата и да му дадете сигнал на телото дека е време за акција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк