Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кој е судијата Ељведин Ферати кој пресуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

by Уредник
09.04.2025
in Uncategorized

Судијата од Основниот кривичен суд Тетово,Ељведин Ферати е во фокусот на јавноста и медиумите, откако за усмртувањето на пешачки премин на 22-годишната Теодора Ристовска на Менсур Пајазити му пресуди само две години затвор.

Пресудата предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, а премиерот Христијан Мицкоскипобара Судскиот совет да ја преиспита неговата работа.

На Пајазити му се судеше за делото –  тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое максималната казна е пет години.

Кој е Ферати

На јавноста судијата и е познат од порано. За него Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје водеше истрага откако Државниот просветен инспекторат констатирал дека тој си ги поправал оценките на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет.

Истрагат на ОЈО за овој случај, како што објавија повеќе медиуми, била затворена пред еден месец, бидејќи како што велат од Обвинителството, се појавиле документи од Тетовскиот универзитет според кои тој уште во 2014 година преположил четири испити и така си го покачил просекот за да се запише на Академијата за судии.

Тој се пријавил со оценка 8,20, а во дипломата за завршени правни студии на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88.

За оваа случај отвори и Антикорупциската комисија. Во декември 2023 година од таму посочија дека немало барања и пријави од Ферати за преполагање на испити за така да му порасне просекот.

Во Судот се вработил во 2020 година и судел во граѓанска област, а сега суди кривични предмети.

Правосуден испит положил во 2012 година.

Извор: емагазин

Next Post

Македонија ќе понуди и до нула царини на САД

КОЊАНОВСКИ ЗА ТОА КАКО СЕ ТРОШЕЛО ВО МИНАТОТО, А КАКО СЕГА

Препорачани Вести

Чернобил: На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата

Чернобил: На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата

9 months ago
Започнува: Трамп официјално им објави војна!

Започнува: Трамп официјално им објави војна!

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.