Connect with us

Црна Хроника

Тепачка во тетовско основно училиште: Двајца ученици нападнале соученичка

Published

on

На 08.04.2025 во 13.40 часот во СВР Тетово, Е.М.(36) од Тетово пријавила дека околу 12.30 часот во основното училиште во кое учела, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца соученици. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.  

Црна Хроника

Тетовец напднал социјален работник – фрлани предмети кон вработените, искршен бил и инвентарот

Published

on

Тетовец во текот на вчерашниот ден физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје.

Нападнатиот е 41-годишен социјален работник, кој бил на своето работно место.

Тетовецот кој упаднал во установата оштетил и дел од инвентарот, фрлал тврди предмети и им се заканувал и на другите вработени.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Она што загрижува е што ова се случува по само еден месец откако беше застрелана социјална работничка во Прилеп, што предизвика протести ширум земјата. Зад овој напад стоеше 50 годишен маж, кој претходно побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Социјалната работничка беше префрлена во прилепската болница со прострелна рана, но надвор од животна опасност. Напаѓачот за кој подоцна се дозна дека подолго време ја демнел жртвата, беше приведен.

Социјалните работници кои долго алармираат дека се незаштитени, по овој настан излегоа на протести, барајќи нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.

На овие протести беше истакнато дека вработените во Центрите за социјална работа секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност, а недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работат сериозно го загрозува не само нивното физичко и менталното здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуват.

Continue Reading

Црна Хроника

Почина 30-годишникот кој беше тешко повреден во пукањето на Бит Пазар

Published

on

Алајдин Сулејмани, 30-годишен од Арачиново им подлегна на тешките повреди кои ги здоби пред неколку часа од истрели во близина на Полициската станица Бит Пазар. Младиот маж почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.

Настанот се случил денес, по петочната молитва, кога засега непознати лица испукале неколку куршуми кон 30-годишникот, кој бил погоден во глава, граден кош и други делови од телото.

Алајдин бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случила пред околу две недели.

Целиот текст на 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Сведоци на Бит пазар: „Дојдоа и се пукаа меѓу себе, полно деца имаше долу, си играа“

Published

on

Попладнево имаше пукање на Бит пазар, односно во дворот од полициската станица. На терен во моментов се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош.

Според првичните информации има една жртва, а повредена е и една жена, случаен минувач.

„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото.

„Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додал друг сведок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк