Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Владата одлучи за покачување на платите во одредени сектори

by Уредник
09.04.2025
in Uncategorized

Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста, велат од Владата во писменото соопштение.

Вработените во здравството добија покачување од 5 проценти со мартовската плата исплатена во април, додека платите во образованието за 7 проценти, а на 12.000 полицајци платите се зголемија за дури 10 проценти.

Квалитетното образование е наша цел и токму затоа просветните работници и сите вработени во образованието земаат покачување од 7 проценти, со што конечно се враќа изгубеното достоинство и вреднување на нивниот труд. Платите на сите вработени во образованието до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти.

Воспоставување на ред и поредок на цела територија на државата е наша заложба како Влада. Со покачување на платите на 12.000 вработени службени лица за 10 проценти покажуваме дека сигурноста и безбедноста на граѓаните е најважно.

Понатаму, покачување на платите од 5 проценти добија и вработените во јавните здравствени установи, додека пак за матичните лекари и гинеколози се зголеми капитациониот бод за 33 проценти, односно од 75 на 100 денари, а за стоматолозите се зголеми за 23 проценти односно од 61 на 75 денари. Платите во здравството за четири години ќе се зголемат за дури 50 проценти.

Здравствените работници и медицинските сестри се грижат за здравјето на граѓаните и нивната пожртвуваност мора соодветно да биде вреднувана.

Три најважни сектори- обезбедување на подобар образовен систем, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите и обезбедување ред и поредок се клучни за функционирање на државата но и враќање на довербата на граѓаните.

Затоа, работиме посветено за да придонесеме кон подобрување на целокупната состојба во институциите и системот.

За разлика од претходно, кога растеа функционерските плати, оваа Влада донесе 

одлука да растат само платите на вработените, но не и на функционерите.

Владата продолжува со водење на одговорна политика. Домаќинското работење носи резултати и поквалитетен живот стандард за сите граѓани.

Ветивме, се обврзавме и испорачуваме за Македонија повторно да биде ваша.

Next Post
“Јас сум ќерката на Брена” Пејачката оваа жена со години ја криела од јавност, откриена вистината за нивниот однос [ФОТО]

"Јас сум ќерката на Брена" Пејачката оваа жена со години ја криела од јавност, откриена вистината за нивниот однос [ФОТО]

Тетовски полицајци лишиле од слобода двајца осомничени за поседување кокаин

Препорачани Вести

Измамници на интернет продаваат „молитвени тегли“ – внимавајте предупреди Струмичката епархија

8 months ago

Бугарија во пламен: 100 активни пожари, најкритично во Хасковско

6 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.