Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: Инвестираме во нови соларни и ветерни капацитети и отвораме нови можности за зелена енергија

by Уредник
10.04.2025
in Uncategorized

Светските искуства покажуваат дека енергетските аукции се моќна алатка за забрзување на транзицијата кон обновлива енергија. Токму оваа тема беше во фокусот на панел-дискусијата „Енергетските аукции како катализатор за развој за распоредување на обновлива енергија на Западен Балкан“ (Energy Auctions as Catalysts for Renewable Energy Deployment in the Western Balkans), во рамки на Адриа самитот, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), na koja учествуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, соопшти нејзиниот кабинет.

Министерката Божиновска говореше за искуствата на Македонија и новиот модел на поддршка што земјата го воведува за привлекување инвестиции во обновливи извори – „Договори за разликите“ (Contracts for Difference“ (CfD). Овој пристап, веќе потврден како ефикасен во ЕУ, обезбедува стабилност, заштита од пазарна нестабилност и поттикнува реална конкуренција.

„Веруваме дека CfD-механизмот е најсоодветниот модел за создавање сигурна и предвидлива инвестициска клима. Со поддршка од ЕБОР и меѓународни партнери, го адаптираме овој систем на нашиот пазар, со цел да создадеме услови за реализација на целта – 1,7 GW обновливи извори до 2030 година“, истакна Божиновска.

Во изминатите години, Македонија имаше ограничен успех со системите на фид-ин тарифи и премии, поради кои државата плаќаше високи субвенции, често над пазарната цена. Енергетската криза дополнително ги покажа слабостите на ваквиот модел – дел од електраните се откажаа од привилегираниот статус за да можат да продаваат струја на слободниот пазар.

Во однос на плановите за нови аукции, министерката истакна дека во соработка со ЕБОР се прави детална регулаторна и финансиска анализа за воведување CfD-аукции кои ќе се спроведуваат транспарентно и ќе овозможат директна конкуренција меѓу инвеститорите.

Таа ја нагласи и важноста на меѓународната поддршка.

„ЕБОР, Светската банка, германската KfW и други институции се наши клучни партнери. Со нивна помош веќе инвестираме во нови соларни и ветерни капацитети, ја модернизираме преносната мрежа и отвораме нови можности за зелена енергија. Само ЕБОР досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во Македонија, што е доказ за довербата и потенцијалот што го имаме, псоочи Божиновска.

На панелот, покрај министерката Божиновска, учествуваа и министерот за енергетика на Црна Гора, Адмир Шахмановиќ, потпретседателката на ЦВП Јуроп (CWP Europe) Маја Турковиќ, директорката за финансирање на Уни кредит банка Србија, Светлана Церовиќ и извршниот директор на Њу енерџи солушн (New Energy Solutions), Милош Чолиќ. Модератор на панелот беше Адил Ханиф, шеф на одделот за одржливи пазари при ЕБОР.

Панелот понуди можност за размена на искуства и практики меѓу земјите од Западен Балкан и претставници на приватниот и финансискиот сектор, во насока на подобрување на регулативата и зголемување на инвестициите во чиста енергија, се наведува во соопштението од кабинетот на Божиновска.

Next Post
Се огласи Врчак по загубата на Андреј од ДНК во трагедијата во Кочани: „Последната песна ја снимавме неколку дена пред да загине“

Се огласи Врчак по загубата на Андреј од ДНК во трагедијата во Кочани: „Последната песна ја снимавме неколку дена пред да загине“

Фудбалер на Струга нападнат по натпревар во Тетово – приведени две лица

Препорачани Вести

По локалните избори 155 хонорарци од тетовската болница ќе добијат трајно вработување

5 months ago
Крајот на војната се ближи? Трамп најави детали во рок од три дена

Крајот на војната се ближи? Трамп најави детали во рок од три дена

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.