Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

by Уредник
10.04.2025
in Uncategorized

10 април 2025, Скопје – Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.

„Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив.  Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки,  денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористи можноста за средба во Трезорот на САД. 

„Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза. Дискусијата за слободна трговија останува и тука не се откажуваме“  вели Димитриеска – Кочоска.

Според неа од овие одлуки најмногу последици ќе трпи американската економија. „Таму“, како што додава, „може да се каже дека доколку продолжат одлуките такви какви што се ќе влезат во стагфлација, односно намалување на растот, можеби негативен раст и инфлацијата со сигурност на нивно тло, а сето тоа во Европа ќе оди задоцнето“, истакна министерката за финансии.

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум што се одржува во грчкиот град Делфи.

Next Post
Кина бесна поради изјавите на Зеленски: Пристигна одговор од Пекинг

Кина бесна поради изјавите на Зеленски: Пристигна одговор од Пекинг

Средба меѓу генералниот конзул на Албанија Мусај и градоначалникот Коњановски за јакнење на прекуграничната соработка

Препорачани Вести

Приведен возач од Гевгелија, со возило удрил во мотоцикл во Илинден, со тешки повреди се здобиле двајца малолетници

Приведен возач од Гевгелија, со возило удрил во мотоцикл во Илинден, со тешки повреди се здобиле двајца малолетници

4 months ago

Невремето го одложува слетувањето – авион од Базел кружи над Скопје

7 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.