Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израелски борбени пилоти ја повикаа владата: Заложниците се приоритет, дури и ако војната мора да престане

by Уредник
10.04.2025
in Uncategorized

Речиси илјада пензионирани и резервни израелски борбени пилоти во четвртокот ја повикаа владата во отворено писмо да даде приоритет на ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, дури и ако тоа значи ставање крај на војната против палестинското движење Хамас.

Израелски воен претставник рече дека потписниците кои се на активна должност ќе бидат отпуштени поради писмото, во кое се вели дека војната – која Израел ја продолжи минатиот месец по двомесечен прекин на огнот – „главно им служи на лични и политички интереси наместо на реални безбедносни потреби“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека ги поддржува отпуштањата, бидејќи тоа се „неоправдани изјави кои ги ослабуваат IDF (Израелските одбранбени сили) и ги зајакнуваат нашите непријатели во време на војна“.

Писмото, кое го објавија неколку израелски медиуми, го потпишаа 980 резервисти, изјави еден од потписниците за Reuters. Во писмото се бара „итно враќање на сите наши заложници без одлагање, дури и по цена веднаш да се запре војната“.

Војната започна откако палестинските милитанти предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 цивили и припадници на безбедносните служби и земајќи 251 заложници, според израелските податоци. Оттогаш, израелската војска убила повеќе од 50.000 Палестинци, најмногу деца и жени, во копнени и воздушни напади и ја опустоши Газа, соопштија локалните здравствени власти.

Минатиот месец Израел го заврши примирјето постигнато во јануари, откако двете страни не успеаја да се договорат за условите за неговото продолжување. Израел соопшти дека неговите воени операции ќе продолжат се додека не се вратат преостанатите 59 заложници кои се уште ги држат Хамас и другите милитантни групи. Хамас вели дека нема да ги ослободи без договор кој трајно ќе стави крај на војната.

Членовите на семејствата на заложниците и демонстрантите ја повикаа десничарската влада на Нетанјаху да склучи договор со Хамас за ослободување на заложниците, дури и доколку тоа бара Израел целосно да се повлече од Газа и да го прекине конфликтот.

Нетанјаху вели дека Израел ќе продолжи да се бори сѐ додека не се постигнат сите негови цели, вклучително и одземање на способноста на Хамас да владее со Газа, и дека таквиот пристап на крајот ќе ги ослободи заложниците.

Еден израелски воен функционер излавил за Reuters дека нема место „резервистите на активна должност да го искористат својот воен статус (политички) додека истовремено учествуваат во борбите“. Службеникот го нарекол писмото „сериозно нарушување на довербата меѓу командантите и подредените“.

Анкетата објавена во четвртокот од страна на Израелскиот институт за демократија покажа зголемена поддршка за давање приоритет на ослободувањето на заложниците наместо елиминацијата на Хамас. Анкетата покажува дека 68 отсто од Израелците веруваат дека носењето на заложниците дома треба да биде најголем приоритет.

Во меѓувреме израелскиот Висок суд на правдата ја отфрли во четвртокот петицијата поднесена од семејствата на заложниците кои бараат обновување на снабдувањето со електрична енергија на Појасот Газа, запрено од Израел извесен период по почетокот на инвазијата, пренесе порталот Ynet.

Next Post

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1

Падна договор помеѓу Путин и Трамп? Протекоа детали

Падна договор помеѓу Путин и Трамп? Протекоа детали

Препорачани Вести

Приведен маж кој со остар предмет се заканувал на градоначалник

2 weeks ago

Милевски по ждрепката: Данска е предизвик, но можевме да добиеме и потежок ривал

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.