Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање, договорено на средбата на Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

by Уредник
10.04.2025
in Uncategorized

Во рамките на ESG Adria Summit 2025, што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски, оствари работна средба со Клаус Милер, директор на КфВ банка за Југоисточна Европа и Турција.

Средбата беше фокусирана на напредокот и понатамошната реализација на неколку стратешки проекти: втората фаза од ветерниот парк Богданци, фотонапонската електрана „Битола 2“, како и третата фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани.

„Овие проекти не само што го зголемуваат домашното производство на електрична енергија, туку и го зајакнуваат целиот енергетски систем на државата. Партнерството со КфВ банката е значаен поттик за трансформацијата кон одржлива енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Посебно внимание беше посветено на нови иницијативи за техничка помош насочена кон унапредување на интерните капацитети на АД ЕСМ, за среднорочно и стратешко планирање, со акцент на инвестициските проекти. КфВ банката потврди дека останува стратешки партнер и дека ќе продолжи со поддршка за нови проекти, меѓу кои се и фотонапонската електрана „Битола 3“ и други инвестиции во обновливи извори на енергија.

Проектите што се реализираат со поддршка од КфВ директно придонесуваат за збогатување на портфолиото од обновливи извори на енергија во Република Македонија, како и за долгорочна енергетска стабилност и сигурност.

Next Post
[ФОТО] Гол маж се шеташе низ центарот на Скопје

[ФОТО] Гол маж се шеташе низ центарот на Скопје

Зеленски ги откри плановите на Путин во врска со Украина

Зеленски ги откри плановите на Путин во врска со Украина

Препорачани Вести

Албанци приведени кај Струга – Ова е причината

3 months ago

ВИДЕО: Необично однесување кај мајмуните Капучини: Киднапираат бебиња

8 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.