Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

После 113 години откриена една од најголемите тајни на Титаник: Човекот кој сите го нарекуваа кукавица, всушност бил најголемиот херој

by Уредник
10.04.2025
in Uncategorized
После 113 години откриена една од најголемите тајни на Титаник: Човекот кој сите го нарекуваа кукавица, всушност бил најголемиот херој

Повеќе од еден век името на првиот офицер Вилијам Мардок е обвиено со контроверзии. Во моментите кога „Титаник“ се соочуваше со својата трагична судбина, тој бил на должност на палубата и наредил маневар за избегнување на судирот со санта мраз.

За жал, немало доволно време и луксузниот брод потонал на дното на Атлантикот, земајќи повеќе од 1.500 животи.

Нови 3D снимки од остатоците

Децении по трагедијата, се ширеа гласини дека Мардок, за време на евакуацијата, пукал во патници (како што е прикажано во филмот на Џејмс Камерон), дека извршил самоубиство и дека бил виновен за грешките кои довеле до несреќата.

Но, точно 113 години по потонувањето, истражувачи веруваат дека се појавуваат докази кои ја менуваат оваа слика – дека Мардок не побегнал кукавички, туку загинал обидувајќи се да им помогне на патниците.

Веќе беа објавени 3D снимки од остатоците на „Титаник“, а се најавува и документарец на National Geographic што ќе ги прикаже последните моменти на легендарниот брод.

Што открива положбата на крановите?

Истражувачот Паркс Стивенсон, кој користел софистицирана компјутерска симулација, посочува дека кранот што бил под надлежност на Мардок – и служел за спуштање на спасувачките чамци – останал подигнат во вертикална положба, подготвен за уште еден чамец.

Ова, според него, се совпаѓа со сведоштвата на преживеани членови на екипажот кои тврделе дека Мардок се обидувал да подготви уште еден чамец кога голем бран го однел во морето.

Различни сведоштва

Некои патници тврделе дека виделе офицер како пука во двајца луѓе кои се обидувале да влезат во чамецот, а потоа и во себе. Долго време се мислеше дека тоа бил Мардок – идеја што ја прифати и филмската верзија.

Но, други делови од сведоштвата не се поклопувале со оваа верзија. Вториот офицер Чарлс Лајтелер тврдел дека видел како Мардок го однело морето додека се обидувал да го подготви последниот чамец. Според него, брановите кои настанале при наглото потонување го повлекле офицерот, чие тело никогаш не било пронајдено.

Херој, а не кукавица

Сега, новите 3D снимки ја поткрепуваат верзијата на Лајтелер.

„Позицијата на крановите покажува дека биле во функција, што значи дека се работело на подготовка на уште еден спасувачки чамец“, истакнува Стивенсон.

Ова, додава тој, покажува дека Вилијам Мардок останал на својата позиција до последниот момент – обидувајќи се да спаси што е можно повеќе животи.

Next Post

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Препорачани Вести

Трагедија во Албанија: мајка и син загинаа во пожар, шестгодишно девојче во критична состојба

3 months ago
Стјуардесата која доби отказ поради тверкање во авион: Не знаев дека е забрането (ВИДЕО)

Стјуардесата која доби отказ поради тверкање во авион: Не знаев дека е забрането (ВИДЕО)

10 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.