Connect with us

Република

ЈП Комуналец Битола ги демантира лажните информации: За храна за бездомни животни потрошени се само 1.600 евра, а не 60.000

За храна за бездомните животни во прифатилиштето досега се потрошени само 1.600 евра, а не 60 000евра! До крајот на спроведување на рамковниот тендер ќе бидат реализирани 6.000 евра!

Почитувани,

Ги демантираме сите информации дека во ЈП Комуналец во Општина Битола се потрошени над 50.000 евра за храна за кучиња.

До 31.12.2024 година, предметниот период на завршната сметка, потрошени се помалку од 100.000 денари.


Тие информации претставуваат груба манипулација и свесна лага од неколку локали политичари. Зарадитранспарентноста и одговорноста кон јавностадозволете да ви пренесеме точни информации кои биги добиле и граѓаните.
Во согласност добиената дозвола за работа наприфатилиштето за бездомни животни во мај 2024 година , ЈП Комуналец имаше обврска да распишерамковни јавни набавки за храна за бездомнитеживотни и за надворешни услуги од ветеринарниклиники. Такви постапки се спроведуваат и во Скопје и во Струмица.
Согласно добиените напатствија од Агенција за хранаи ветеринарство и отпочнување на новата дејност соработа за Прифатилиштето ЈП ги распиша дветеРАМКОВНИ набавки на кое се избраа повекеекономски оператори.
Сакаме да ги демантираме невистините кои излегоа вомедиумите по излагање на советник во советот наОпштина Битола дека се потрошени 60.000 евра захрана за кучиња. Во врска со рамковната спогодба захрана есклучена на ден 04.09.2024 година на сума од3.000.000 плус ДДВ согласност нарачките кои сенаправени заклучно со 31.12.2024 се потрошенипомала сума од 100.000 денари и со оваа динамика докрај на јавната набавка сумата што ќе се искористи ќее околу 360.000 денари.
Со оглед на тоа што оваа јавна набавка бешераспишана за прв пат по добивањето на дозвола заработа во изминатата година, наредната година ќе седимензионира согласност потрошените суми и плановите и програмите според кои работи ЈП.
Сакаме да се демантираат овие невистини кои сеизнесени и нанесуваат штета на прифатилиштето коеработи согласно сите стандарди , а исто така и нацелото јавно претпријатие.

Advertisement

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading

Република

Три децении пријателство: Македонија слави 30 години дипломатски врски со 14 земји

Во свечена атмосфера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес беа одбележани три децении од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 14 земји, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Украина, Казахстан, Монголија, Азербејџан, Литванија и Израел.

Свои обраќања на настанот имаа заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, како и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Во своето обраќање, заменик министерот Димитровски истакна дека денес се слави „триесетгодишно патување на просперитет и взаемно почитување“ кое започнало во 1995 година. „Во тие рани години на нашата независност, секое воспоставување на дипломатски односи беше вистински камен-темелник во градењето на нашата државност. Тие први чекори го одбележаа нашиот непоколеблив пат кон западноевропските вредности и нашите аспирации за интеграција во евроатлантското семејство“, нагласи Димитровски.

Свечениот настан беше прилика да се потсети на значењето на долгорочната соработка и пријателството меѓу Република Македонија и земјите партнери, како и на заедничките вредности кои ги градат меѓусебните односи во изминатите три децении.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг