Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

by Уредник
11.04.2025
in Uncategorized

На синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува со Вашиот градоначалник“, гостуваше градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Тој зборуваше за она што го наследиле, но и за успехот да ја стабилизираат општината, односно таа да биде без долгови.

-Наследивме општина со долгови, наследивме општина без проекти со лоша инфраструктура, училишни објекти во лоша состојба. Успеавме да ја доведеме општината на здрави нозе, во моментов немаме долгови, проектите коишто ги започнавме се со наши средства, истакна Илиевски.

Во однос на проектите кои биле реализирани до сега, Илиевски се осврна на образованието, културата, спортот и примарната и секундарната инфраструктура.

„Завршивме преку 20 улици во вредност од 90 милиони денари, канализациона и водоводна мрежа имаме над 10 илјади метри низ нашата општина. Во делот на образованието направивме реконструкција на 8 училишта, ја реконструиравме салата во село Брвеница, реконструкција и на фудбалскиот терен. До крајот на мандатот имаме за цел да нема улица без асфалт“, потенцираше Илиевски.

Градоначалникот изрази голема благодарност до Владата која ги помага финансиски општините. Како што рече тој, за општини како што е Брвеница оваа помош е од огромно значење.

-За нас и помалите општини, оваа помош од Владата е од огромно значење. Децениските прашања кои не се решени во нашите помали општини, со овие проекти ги решаваме. Околу 50% од инфраструктурните проекти ги решаваме со помош на Владата. Повторно потенцирам, од огромно значење е овој проект. Фекална канализација, водовод, инфраструктура, еве и спортската сала, проширување на градинките се решаваат со овој повик, дециден беше Илиевски.

Илиевски истакна дека општина Брвеница има аплицирано со 6 проекти со вредност од 40 милиони денари, додека во вториот повик аплицираат со 9 проекти во вредност од 113 милиони денари. Тој заклучи дека Брвеница се развива подеднакво на секое поле.

Next Post
Дневен хороскоп за четврток – 10 април

Дневен хороскоп за сабота - 12 април: Ѕвездите му носат посебна среќа на еден хороскопски знак

Претрес во фабрика за медицински канабис: Приведени сопственикот и вработен поради неправилности

Препорачани Вести

Ќерка го пријавила таткото во полиција откако им се заканувал на неа, сопругот и свекорот

Ќерка го пријавила таткото во полиција откако им се заканувал на неа, сопругот и свекорот

11 months ago

Украина откри голема корупциска афера – Зеленски вети нулта толеранција

6 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.