Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ШОК ОД САД: „Украина може да се подели на половина“ – Американски предлог за брз мир со Русија!

by Уредник
12.04.2025
in Uncategorized

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија објасни дека САД нема да испрати копнени трупи, но предложи формирање демилитаризирана зона широка 28 километри долж постојните контролни линии во источна Украина. 

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор.

Келог предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“.

Келог, кој има 80 години, рече дека англо-француските сили на западната страна на реката Дњепар, која ја дели Украина од север кон југ и тече низ Киев, нема да дејствуваат како „провокација“ за Москва.

Тој додаде дека Украина е доволно голема за да дозволи присуство на неколку воени армии кои би го координирале прекинот на огнот.

– Тоа речиси би можело да изгледа како Берлин по Втората светска војна, кога имаше руски, француски, британски и американски сектор. Дњепар е голема пречка“, додаде Келог, објаснувајќи дека Америка нема да испрати копнени трупи, но предложи формирање демилитаризирана зона широка 28 километри долж постојните контролни линии во источна Украина.

Планот на Келог подразбира имплицитно признавање на „де факто контролата на Русија“ над териториите што таа моментално ги окупира.

Тој призна дека рускиот претседател Владимир Путин можеби нема да ја прифати предложената поделба на зони на контрола, но ја нагласи потребата да се воспостави тампон зона меѓу украинските и руските линии за да се спречат инциденти.

Тој, исто така, рече дека Украина треба да одржи нови избори откако ќе се постигне прекин на огнот.

Тој оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е отворен за одржување избори, но дека тоа е одлука што ќе ја донесе украинскиот народ, а не САД.

Келог нагласи дека односите меѓу Вашингтон и Киев „се враќаат на вистинскиот пат“, истакнувајќи дека преговорите за евентуален договор за украинските минерали се обновени.

Next Post

Срцето на Белград почна да чука во 7/8, отворен македонскиот Културно-информативен центар

Апсење во Кавадарци: Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба, одземеното вратено на сопственикот

Физички напад во Тетово: Прилепчанец претепан во автомобил, осомничените фатени – полицијата пронајде сомнителни предмети!

Препорачани Вести

Од урбан хаос до нови решенија: Визијата на Меџити за Чаир во интервју за Фронтлајн

4 months ago

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.