Група студенти во Нови Пазар денеска се обиде да ги запре автобусите со кои од Нови Пазар стотици приврзаници на српската власт тргнуваа кон Белград на големиот митинг на кој ги повика претседателот Александар Вучиќ.
Студентите седнаа на улицата пред кружен тек во градот, по што интервенираше полицијата, која ги отстрани и ги приведе, јавуваат српските медиуми.
Денеска во Белград се одржува централниот настан на тридневниот собир „Не ја даваме Србија“, кој е одговор на власта на шестмесечните протести на српските студенти ширум земјата.










