Connect with us

Црна Хроника

Тетово: Малолетник нападнат од соученици за време на голем одмор

Published

on

На 11.04.2025 година во 21.30 часот во СВР Тетово, Ќ.С.(47) од село Теново, тетовско, заедно со нејзиниот малолетен син, пријавила дека во основното училиште во селото, за време на големиот одмор нејзиниот син бил физички нападнат од четири други малолетници, ученици во истото училиште, информира МВР.

За време на пријавување на настанот присутни биле преставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Црна Хроника

Во Арачиново уапсен тежок криминалец

Published

on

По преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници денеска, околу 08:30 часот во село Арачиново, го лишиле од слобода А. Б. (40) од Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено-поправна установа „Идризово“ за издржување на казната.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата во претрес откри арсенал оружје

Published

on

Вчера полициски службеници од СВР Куманово во 06:15 часот го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Внимавајте! Засилени контроли во Тетово: Санкционирани 135 возачи

Published

on

policija tetovo

Во текот на вчерашниот ден (17 Април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 67 возачи (ТЕ-43и ГВ-24) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 23 (ТЕ-20 и ГВ-3) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 68други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-44 и ГВ-24). 

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да ја прилагодат според ограничувањата пропишани со закон и сообраќајни знаци, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, и за личната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк