На 10.04.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.