Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Компаниите инвестираат во батерии за складирање струја: ФЕРОИНВЕСТ нуди изведба ,,клуч на рака“

by Уредник
13.04.2025
in Uncategorized

Сопствениците на фотоволтаици во Македонија засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија, соопшти компанијата ФЕРОИНВЕСТ која одржа презентација во Стопанската комора на Македонија.

На настанот, на кој присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред сè, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

„Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија“, се вели во соопштението.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Од ФЕРОИНВЕСТ порачуваат дека „берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци“.

Компанијата вели дека „единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена“.

Next Post
[ФОТО] Има 52 години, но кога ќе се појави на плажа, ги привлекува сите погледи – како изгледа толку совршено?

[ФОТО] Има 52 години, но кога ќе се појави на плажа, ги привлекува сите погледи - како изгледа толку совршено?

Детален неделен хороскоп – од 14 до 21 април: Животна промена за еден хороскопски знак, голема заработка за овие три хороскопски знаци

Детален неделен хороскоп - од 14 до 21 април: Животна промена за еден хороскопски знак, голема заработка за овие три хороскопски знаци

Препорачани Вести

23 пожари на отворен простор на територија на Република Македонија – 4 сè уште активни

На територија на Република Македонија забележани вкупно 19 пожари на отворен простор, осум од нив се уште активни

6 months ago

Тешка сообраќајна несреќа – Уште еден загубен живот

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.