Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нацрт планот на Трамп за Украина на хартија изводлив но дали и на терен?

by
2025/04/13 01:49:59
in Uncategorized
Нацрт планот на Трамп за Украина на хартија изводлив но дали и на терен?

Украина би можела да биде поделена слично како Берлин по Втората светска војна, предложи пратеникот на Доналд Трамп во Киев, бидејќи Русија продолжува да одбива да прифати примирје.

Генералот Кит Келог ја навести можноста за поделба на земјата на зони на контрола, при што британските и француските војници ќе бидат дел од „безбедносните сили“ на Запад, а руските војници во источниот дел. Помеѓу би биле украинските сили и демилитаризирана зона, додека САД, според него, не би испраќале копнени трупи, пишува Гардијан.

„Речиси може да изгледа како она што се случи со Берлин по Втората светска војна, кога имавте руска зона, француска зона и британска зона“, рече Келог за Тајмс. Киев сè уште не ја коментира оваа изјава.

Трамп и преговорите со Путин

Доналд Трамп упати ретко предупредување до Владимир Путин пред разговорите меѓу неговиот специјален пратеник Стив Виткоф и рускиот претседател, велејќи преку платформата Трут сошијал дека „Русија мора да дејствува.

Премногу луѓе умираат, илјадници неделно, во страшна и бесмислена војна, војна што никогаш не требаше да се случи, а немаше да се случи ако бев претседател – напиша Трамп.

Од друга страна Путин беше прикажан на државната телевизија како го пречекува Виткоф во претседателската библиотека во Санкт Петербург на почетокот на разговорите. Државните новински агенции подоцна објавија дека разговорите траеле повеќе од четири часа.

„Темата на состанокот беше аспекти на украинското решение“, соопшти Кремљ по средбата.

Пратеникот на Путин за инвестиции, Кирил Дмитриев, беше виден како го напушта хотелот со Виткоф и за новинската агенција ТАСС изјави дека разговорите биле продуктивни.

Сојузниците на Украина ја засилуваат својата поддршка

Од друга страна сојузниците на Украина ветија дополнителна воена помош од 21 милијарда евра (24 милијарди долари) и го обвинија Владимир Путин за застој на преговорите за прекин на огнот предводени од САД. На состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел, британскиот секретар за одбрана Џон Хили рече: „Путин вели дека сака мир, но отфрли целосен прекин на огнот. Неговите сили продолжуваат да ја напаѓаат Украина, воени и цивилни цели“.

Клаус Јоханис, Марио Драги, Володимир Зеленски, Емануел Макрон и Олаф Шолц

На состанокот во Рамштајн, кој заеднички го организираа Велика Британија и Германија, присуствуваа повеќе од 40 земји, но не и САД. Секретарот за одбрана на Трамп, Пит Хегсет, се приклучи преку видео врска.

Володимир Зеленски ги повика воените сојузници на Украина да се фокусираат на воздушната одбрана, барајќи дополнителни 10 системи Патриот. За време на видео обраќањето на средбата во Рамштајн, украинскиот претседател рече дека руските напади покажуваат дека Москва не е подготвена за реални и ефективни мировни предлози. Тој исто така изјави дека Украина е подготвена да купи дополнителни системи за противвоздушна одбрана и дека за тоа разговарал со Доналд Трамп.

„Украина не само што бара, ние сме подготвени да купиме соодветни дополнителни системи“, рече тој во своето вечерно обраќање во петокот. Владата ќе ја зајакне и противвоздушната одбрана со дополнителни средства за електронско војување.

Преговори за украинските ресурси

Американските и украинските власти се состанаа во петокот за да разговараат за предлогот на САД за пристап до рудното богатство на Украина, но се очекуваше мал напредок поради „антагонистичката“ атмосфера, изјави извор запознаен со разговорите.

Според извештајот на Ројтерс, тензиите настанале поради најновата верзија на предлогот на администрацијата на Доналд Трамп, која има многу повеќе барања и услови од претходната.

„Преговарачката средина е многу антагонистичка“, рече изворот.

Пртпаролот на американското Министерство за финансии потврди дека разговорите се во тек, нарекувајќи ги „технички по природа“.

Засилени напади со беспилотни летала

Во меѓувреме Русија лансираше 88 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта, објави во саботата Украинската воздушна команда. Штети се забележани во централниот, источниот и јужниот дел на земјава. Украинската воздушна одбрана собори 56 беспилотни летала, додека 24 беспилотни летала се „изгубени“ благодарение на електронското попречување што ги пренасочи.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека уништило 13 украински беспилотни летала за 30 минути доцна во петокот.

Кинески борци во руската армија

Западните медиуми информираат дека повеќе од 100 кинески државјани кои се борат заедно со руската војска против Украина се платеници без директни врски со кинеската влада, изјавија двајца американски разузнавачи и поранешен западен разузнавач. Сепак, кинеските воени офицери, со одобрение од Пекинг, беа присутни на бојното поле за да соберат од прва рака тактичко знаење од конфликтот, според Ројтерс.

Соединетите Држави потврдија во средата дека украинските сили заробиле двајца кинески војници во источна Украина, откако Зеленски рече дека неговата влада има информации за 155 кинески државјани кои се борат на руската страна.

Next Post
📹Нападнат Немања Шаровиќ на собирот на Вучиќ, му викаа дека е усташ

📹Нападнат Немања Шаровиќ на собирот на Вучиќ, му викаа дека е усташ

Почина мафијашот Мезина, човекот што 22 пати избега од затвор

Почина мафијашот Мезина, човекот што 22 пати избега од затвор

Препорачани Вести

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

8 months ago

Мајката на Андреј од ДНК го барала во сите скопски болници, никаде го нема

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.