Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп со неочекуван потег против Русија: Како Путин ќе реагира на ова?

by Уредник
13.04.2025
in Uncategorized
Трамп со неочекуван потег против Русија: Како Путин ќе реагира на ова?

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи за уште една година вонредната состојба и санкциите против Русија, кои беа воведени од администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден.

Овие мерки продолжуваат да важат поради наводните закани од Русија, како што е наведено во документот под името „Продолжување на вонредната состојба во врска со специфични злобни надворешни активности Владата на Руската Федерација“, кој беше објавен на веб-страницата на Федералниот регистар на САД.

Вонредната состојба беше воведена на 15 април 2021 година, со цел да се справи со „невообичаена и итна закана за националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД која произлегува од злобните надворешни активности на руската влада“, се наведува во документот.

Оваа одлука била повеќе пати дополнувана и проширувана од администрацијата на Бајден, а во најновото ажурирање од 10 април се наведува дека вонредната состојба ќе остане на сила и по 15 април оваа година.

Документот исто така потенцира дека санкциите против Русија се воведени поради нејзините обиди да „поткопа спроведување на слободни и фер демократски избори и демократски институции во САД и во земјите кои се сојузници и партнери на САД“.

Како што е наведено, Русија исто така спроведува „злобни сајбер активности против САД и нејзините сојузници“ и користи „транснационална корупција за влијание врз странски влади“.

Дополнително, Стејт департментот ја обвинува Русија за екстериторијални активности насочени против новинари и политички неистомисленици, како и за нарушување на безбедноста во региони важни за националната безбедност на САД и за кршење на основните принципи на меѓународното право, вклучувајќи го почитувањето на територијалниот интегритет на државите.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави на почетокот на април дека Конгресот на САД веќе започнал работа на предложениот закон за санкции против Русија, кој би можел да биде воведен доколку Москва реши да продолжи со војната против Украина.

Next Post
[ВИДЕО] Документарец кој Грција никако не сака да го видите

[ВИДЕО] Документарец кој Грција никако не сака да го видите

Нашите баби и дедовци никогаш не саделе смоква покрај куќата: Ова е вистинската причина!

Нашите баби и дедовци никогаш не саделе смоква покрај куќата: Ова е вистинската причина!

Препорачани Вести

Планот на Трамп доби зелено светло од Кремљ: „Дводржавното решение останува клучно“

4 months ago
Бизнис заедницата бара побрза исплата на парите од укинатиот солидарен данок

Голема енергетска инвестиција: Откриено кој стои зад изградбата на најголемите складишта за струја

2 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.