Connect with us

Црна Хроника

Инцидент во Тетово: Повреден еден полицаец

Published

on

policija

Полицијата кривична пријава против Ш.Р.(32) од Тетово, поради сомнение за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

„На 29.01.2025 во Тетово, пријавениот со патничко возило „опел“ не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, при што со врата од возилото удрил полициски службеник“, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Црна Хроника

Маж од Радовиш во воена униформа се шетал со пушка и пиштол во градот

Published

on

Жител на Радовиш облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот.

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка.

При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода. Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предметите кои лицето ги фрлило при бегството, односно една пушка, еден војнички ремен, кожна футрола со еден пар лисици за врзување, метална цевка, футрола со три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со пет капси, пиштол идр..

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Се претставила како ќерка на обвинителка и ѝ земала 2000 евра – тетовчанка пријавила измама

Published

on

На 28.04.2025 во 11.30 часот во СВР Тетово 27-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена за 2000 евра од страна на К.Ј., која и се преставила дека е ќерка на обвинителка и дека може и помогне за предмет во обвинителството. На 15.02.2025 година, таа и ги дала парите, но на 15.04.2025 добила одговор од обвинителството дека „иницијативата“ и е одбиена, по што сфатила  дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал

Published

on

Полицаец останал без службениот пиштол откако прилепчанец му го одзел додека бил приведуван по што се дал во бегство.

„Вчера во 15.47 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство. Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк