Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Огласот за финансиска поддршка за електричната енергија истекува за 5 дена

by Уредник
14.04.2025
in Uncategorized

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.

Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите се охрабруваат да аплицираат навреме и да не ја пропуштат оваа можност да си ги намалат трошоците за електрична енергија во текот на цела година, известува Министерството за енергетика.

Право на поддршка имаат:

· Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови).

· Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Барањето се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација:

· Изјава заверена на нотар за точност на доставените документи;

· Копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување;

· Копија од последна сметка за потрошена електрична енергија;

· Копија од лична карта на подносителот;

· Доказ за членовите на домаќинството.

За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk и на веб-страницата: www.ea.gov.mk

Министерството ги повикува сите што ги исполнуваат условите – „искористете ја можноста додека рокот не истече“.

Next Post

Пронајдени се рачни бомби во Тетовско

Најблискиот човек на Путин со својата најнова изјава го потресе светот: Што се случува?

Најблискиот човек на Путин со својата најнова изјава го потресе светот: Што се случува?

Препорачани Вести

Трамп: Во оваа партија шах јас сум 10 чекори пред сите

Трамп: Во оваа партија шах јас сум 10 чекори пред сите

11 months ago
Полицијата апси пијани возачи: Приведен возач од Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Полицијата апси пијани возачи: Приведен возач од Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

8 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.