Connect with us

Македонија

Палевски не го познава таткото на Вања, Александар

Published

on

Обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, денеска сведочеше дека не го познава таткото на Вања Александар Ѓорчевски, додека сите останатаи обвинети за негови соучесници ги знае.

– Ги знам сите, освен Александар Ѓорчевски. Него, Влатко Кешишев го познавам, беше домаќин во партијата, вреден, патриотски расположен. Политички неук, но политички стабилен. Чесен Македонец со кој се договоривме лесно и брзо – рече Палевски.

За Велибор Манев вели дека го знае, исто така, од ангажманот во здружението, а подоцна, по регистрацијата и со неговиот ангажман до општинската во Велес. „Амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти за пари во партијата, меѓу кои и со сведокот Стефан Димовски од Струмица. Меѓусебно имале купопродажба на некоја земјоделска механизација, па Велибор не го доплатил износот, па имаше агресивен испад на Велибор, помеѓу нив двајца на состанок на партијата“. Додава дека со Петрушев, му позајмил 1.000 швајцарски франци, кои Велибор не ги вратил, па го известил него како претседател на партијата. „Ми прати документ од ‘Вестер унион’ дека му дал 1.000 швајцарски франци по што јас преземав обврска и го решив тој проблем. Парите се вратени за да нема расправии и компромитација на самата партија“.

– Велибор Манев го зачлени во ‘Десна’, Боре Видевски. Тој е скромен, дисциплиниран и посветен на работата. Не сум имал шанса социјално да се дружам со него, за подобро да го запознаам. Целокупното запознавање е последица на партиски ангажман – сведочи Палевски.

За таткото на Вања вели дека првпат слушнал кога му го прочитал името во кривичната пријава што му ја доставиле во затворската ќелија. 

– Што се однесува до Александар Ѓорчевски, името и презимето ги прочитав во кривичната пријава кога ми ја доставија во ќелија. Тоа е околу познанството – вели Палевски.

За неговото наводно бегство појаснува дека, при самото испрашување во ОЈО, обвинителот сугерирал дека бегал.

– Но насловите во медиумите не беа во прашална форма и беше тврдење. На 30.11 заминав на пат за Белград, подготовките беа идентични како што сведочеше Васко Стојков, сведок на ОЈО, кој ме возеше до Белград. Заминав со регуларна патна исправа, на регуларен патен премин, на регуларен начин. Во Белград се видов со неколку пријатели и како што го објасни Васко Стојков во своето сведочење, со професорот Чкребаљ со кого имаме плодна соработка веќе неколку години. Подоцна со регуларен пасош, се пријавив во хотел каде преноќив. Сабајлето имав уште еден состанок со невладина организација, студенти од Правен факултет. Васко Стојков имаше обврски, јас го контактирав Стефан Димковски за да ме транспортира до Турција – вели Палевски.

За него било понижувачко што обвинителите ги прашувале сведоците дали бил пријавен и кај кој доктор, дали закажал операција и кај кого’, „а добро им е познато на обвинителите дека во мојот исказ пред ОЈО од 05.06.2024 година, на обвинителката јасно и објаснив дека јас сакав да правам магнетна резонанца, на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца добиваш и специјалистичко мислење за неа. Тоа за мене значи второ стручно мислење пред да одлучам дали ќе се оперирам или не“.

Вели дека обвинителството му одзело куп гардероба и тетратки кои не се во листата на докази, но најважно – евтино: две ЦД од магнетна резонанца кои не постојат во записникот за одземени предмети во КПУ Затвор Скопје, што според него е смешно и трагично, бидејќи од тие две магнетни резонанци, може да добие копија кога сакам од „Систина“.

– Не значат ништо. А ги носев со себе бидејќи едната е од 2016 година, а другата е од 2020 година и кога ќе направите трета магнетна резонанца можете да направите хронологија на болеста од неколку години. Крадењето на две ЦД-ја на ваков беден начин, заборавиле да ги стават во записник го покажува и односот. На судот му доставив доказ од „Систина“ каде професорот Лозанче јасно кажал и потпишал во 2020 година, јули месец…. (нз). Тоа е една од трите причини за моето патување, а за медиумите – бегство, брифирани од неколку обвинители и Јанаки Митровски за случувањата во Кривичниот суд. Познатиот шарен револуционер – тврди Палевски.

Според него втората причина е Воениот архив во Истанбул каде требало да земе доказ дека Баница, на 4 мај 1903 година немало ниту еден аскер, и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Република Турција да се расчисти.

– Третата причина зошто сум гледал карти до Минск и Москва, е мојата желба и намера да одам во Москва. Ниту сум букирал карта како што кажа обвинителката, нуту сум купил. Туку мојата желба и намера не се реализира. Јас требаше да одам во Москва да земам копија од новогородските ливчиња од јавната библиотека во Москва, за да донесам копија за политичката партија Десна од најстариот христијански документ издаден од патријаршијата, кој го чуваат во Москва. Тоа се трите причини како 10-12 дена да се одморам од состаноци – тврди Плаевски.

Појасни дека зборувал со Велибор Манев, кој му нашол  пријател во Истанбул кој зборува македонски.

– Требаше да се земе куќа, ама беше тешко да се најде. Па најде во Баликсери, 200 километри од Истанбул. Еден ден ми требаше да изгубам за магнетна резонанца во Истанбул, да го направам (поткастот) Крш 114, во неделата на 03.12, кој не го направив од познати причини – бев прогласен за монструм веќе на 03 декември. Беше смешно да правам поткаст. Имав карта резервирано, но не авионска туку автобуска од Баликесир до Истанбул за да ги направам работите кои претходно ги објаснив. Не ја искористив картата и не отидов до Истанбул и добро е што не отидов, затоа што дополнително ќе беше објаснето како бегство. На 03. декември вечерта во 20 часот се правеше претрес во куќата каде живее моето семејство. Ми се јави Васко Стојков додека трае претресот, во својство на адвокат кој бил присутен и ми го кажа она што тука го просведочи, а јас ќе го повторам – ‘најдобро е да си дојдеш и да си дадеш изјава, овде не си осомничен туку пресуден’. Почна расправија бев многу лут, но Васко ја прекина линијата, а во судот објасни дека инспекторот од МВР барал да спушти. Претходниот ден, Васко Стојков ми се јави и ми рече дека инспекторите прашуваат кај сум, јас кажав Баликесир, Турција. Не е точно дека сум бил недостапен за органите на прогонот. Ме праша претходно каде и кога сум сум се движел низ Дебар маало и со кое возило, а бидејќи бев лут му кажав на Стојков да почека да размислам и дека ќе се јавам за брзо и дека ќе му издиктирам кога каде и како се движам во Дебар маало. И кажав од прилика. Тврдењето низ медиуми, а во суштина е тврдење на ОЈО кое брифира медиуми дека јас сум во бегство е брутална лага. А дополнително судот и писмено му се обратив да ги издвои доказите од возилото ‘ренџ ровер’ со струмички таблици, има врз него криминалистичко-техничка обработка на 05 декември, возило со кое сум патувал од Белград до Турција кој нема никаква врска со кривично правниот настан за кој се судиме, а каде се пронајдени единствени 7 ДНК траги. Заедно со предметите од место на настан Дупки се ставени и овие, што немаат никаква врска со убиството на детево… И отпушоци се ставени во доказите, дадов приговор, ова е уште едно подметнување од Јавниот обвинител. Тие докази не се од место на настан, немаат поврзаност. Јас не го негирам патувањето ниту моето присуство во автомобилот ‘ренџ ровер’ и го молам судот да ги издвои тие предмети или да се декларираат како што треба, дека се премдети пронајдени од патување на Палевски а не од лице место – раскажува Палевски.

Контактирал и во  брат му Баже Палевски, кој бил распрашан од полицијата и Обвинителството во текот на истрагата, кој потврдил дека се Љупчо е во Турција.

– Но, кажа и една многу важна работа, која во дополнителна работа која ќе биде предочена во судот, дека единицата за насилен криминал без пишан документ на 1 декември во 17:30 часот, само 30 минути по печатење на извештајот за движење на „рено кангу“ двајца инспектори отишле во село Глуво кај мајка ми во викендица да ме бараат мене, да прашаат какво возило возам и како се вика мојата сопруга. Откако дознале дека мојата сопруга не е сопственик на ‘Реното Кангу’, двајцата инспектори си заминале. Прашањето на кое ОЈО некогаш ќе мора да одговори, е што барале на 1 декември инспектори во Глуво, да бараат ‘Рено кангу’, а тоа е паркирано во центар на Скопје? – прашува Палевски.

Извор: nezavisen.mk

Македонија

Турција: Уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу

Published

on

Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул.

Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација. На 23 март, судот нареди негово трајно апсење, а истиот ден, на внатрешните избори, опозициската Републиканска народна партија го предложи за претседателски кандидат на следните избори, што треба да се одржат во 2028 година.

Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата и стотици приведени, вклучително и новинари.

Continue Reading

Македонија

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Published

on

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.

Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.

Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.

Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Continue Reading

Македонија

Скандал! Откриени злоупотреби на државно земјиште на над 2000 хектари – истрагата се шири!

Published

on

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп.

– Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае, рече Трипуновски.

Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.

-Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк