Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЈА ОТВОРААТ ВРАТАТА, НО ПАТОТ КОН ЕУ ЌЕ НИ БИДЕ ТРНЛИВ Бугарскиот министер Георгиев призна – внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов

by Уредник
14.04.2025
in Uncategorized

Постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.

Додека Македонија очекува разбирање по сите направени отстапки, официјална Софија не се смета за пречка на македонскиот интегративен пат. Оттаму потенцираат дека условите од кои зависи интеграцијата, се плод на европски консензус.

– Бугарија има многу јасно структурирана позиција по прашањето за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, европската интеграција, безбедноста на регионот, вземните прекугранични односи – изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија ON AIR.

Од наша страна, додава тој, мислам дека нештата се кристално јасни.

– Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму сѐ што би можело да биде направено како заеднички придонес на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено. Но, треба да се знае дека членство во ЕУ базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите – порача Георгиев.

Многу е важно да се знае дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов, потенцира шефот на бугарската дипломатија.

Како што рече Георгиев, ова го посочува во случај да постои евентуална цел – доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од европскиот консензус – дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.

– Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус. Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А, додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права. Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија ѝ ги поставува. И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување – рече Георгиев.

На оценката на водителката дека „овој аспект отсуствува од дебатата во Скопје, каде пред македонското општество уставните измени се претставуваат како единствен, а не како прв услов“, Георгиев вели дека тој постојано посочувал на тоа.

– Затоа постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот – изјави тој.

Next Post

ВИДЕО: Осум кашикари пронајдени во Боговиње, властите спроведуваат истрага на терен

policija tetovo

Инцидент во Клиничка болница Тетово – пациент нападнал медицински персонал, уапсен од полицијата

Препорачани Вести

Ганиу: Продолжуваме со чистење и уредување на Чаир

10 months ago

Пет историски моменти кои го одбележаа погребот на папата Франциск

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.