Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп доживеа огромен пораз, судот ја суспендираше една од најголемите одлуки на американскиот претседател

by Уредник
15.04.2025
in Uncategorized
Трамп доживеа огромен пораз, судот ја суспендираше една од најголемите одлуки на американскиот претседател

Суд во Бостон го блокираше укинувањето на специјалниот имиграциски статус за над половина милион луѓе

Судот во Бостон донесе важна одлука со која се стопира планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на специјалниот легален статус за над 532.000 имигранти од Куба, Хаити, Венецуела и Никарагва.

Федералната судијка Индира Талвани нареди итна суспензија на укинувањето на програмата, укажувајќи дека владата погрешно го толкувала законот. Таа појасни дека забрзаните процедури за депортација се применуваат на лица кои нелегално влегле во САД, но не и на оние кои се примени преку официјални владини програми.

Овој специјален хуманитарен програм, кој беше воведен од администрацијата на Џо Бајден во 2023 година, им овозможи на државјаните од споменатите земји да престојуваат во САД до две години, поради сериозната состојба со човековите права во нивните матични држави. Програмата дозволуваше влез на до 30.000 лица месечно.

Администрацијата на Трамп, која на крајот од март објави укинување на оваа мерка, тврдеше дека времето за „посебни програми“ е завршено. Без судската интервенција, имигрантите кои пристигнале легално преку програмата ќе беа принудени да ја напуштат земјата до 24 април – точно 30 дена по најавата за нејзино укинување.

Оваа одлука претставува најнова правна пречка за Трамповата реторика и планови за масовни депортации, особено насочени кон имигранти од Латинска Америка. Во рамки на својата предизборна кампања, Трамп вети дека ќе депортира „милиони“ недокументирани имигранти, што повторно ја актуелизира дебатата за имиграциската политика во САД.

Next Post
Се ближи крајот на војната? Путин ја откри најголемата желба во врска со Украина

Се ближи крајот на војната? Путин ја откри најголемата желба во врска со Украина

Конечно се огласија заробените кинески војници во Украина: “Русија не измами”

Конечно се огласија заробените кинески војници во Украина: "Русија не измами"

Препорачани Вести

Подгответе се: Викендов не очекуваат ветрови со брзина од над 70 километри на час

Подгответе се: Викендов не очекуваат ветрови со брзина од над 70 километри на час

7 months ago

Ѓорѓиевски: Скопје е запуштено, но можеме заедно да го промениме

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.