Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за среда – 16 април: Еден хороскопски знак посебно да внимава на здравјето

Published

on

Дневен хороскоп: Меркур носи пресврти, стабилизација во љубовта и фокус на здравјето

Овен

Денешниот ден носи нов почеток за Овните, под силното влијание на Меркур. Очекувајте позитивни деловни сигнали, но бидете внимателни со лицата во знак Јарец – можни се изненадни пресврти. Совет: внимавајте на ‘рбетот.

Близнаци

Избегнувајте избрзани емоционални одлуки – тие може да ги нарушат семејните односи. На деловен план, лице во знак Овен може да внесе тензија. Пристапете рационално и со доза оптимизам. Здравствено: грбот е чувствителна точка.

Рак

Раковите се повеќе се насочени кон себе и блиските. Семејните односи бараат внимание – не носете импулсивни одлуки. Во љубовта, вашето мислење носи тежина – партнерот ќе ве слушне.

Лав

Ситуацијата во партнерството зависи од вас. Партнерот подготвува пријатни изненадувања, но чека вистински момент. Добри вести на емотивен план, а здравјето е стабилно.

Девица

Следните денови се идеални за да се фокусирате на недовршените обврски. Односот со лице во знак Овен ќе ви донесе позитивни насоки, особено во меѓународен контекст. Одлична форма.

Вага

Семејните односи, особено со помлади членови, може да бидат напнати поради тврдоглавост. Во деловниот сегмент, не брзајте со одлуки – сè ќе дојде на свое место наскоро.

Шкорпија

Денес е ден за интроспекција и психичка релаксација. На работа ќе забележите напредок ако покажете разбирање и намалите потреба за доминација. Можно е чувство на болка во грбот.

Стрелец

Бидете внимателни со зборовите и одлуките – Меркур може да создаде непосакувани ситуации. Односот со Јарец носи позитивни деловни можности. Не заборавајте на одмор – сонот е клучен.

Јарец

Избегнувајте конфликти – другите може да реагираат неочекувано. Претпоставените ќе бараат зголемен ангажман. Отвореност и подготвеност за промени ќе ви донесат стабилност.

Водолија

Внимание со блиските – не дозволувајте да ве користат поради вашето знаење. Почитувајте се себеси повеќе од кога било. Поставете граници, особено во семејниот круг.

Риби

Семејната стабилност се подобрува, но не верувајте слепо во сè што изгледа сјајно. Контролирајте ги реакциите и фокусирајте се на вашето здравје. Физичката активност ќе ви помогне да го вратите балансот.

Магазин

Кина сака кинеско-руската лунарна база да има свој нуклеарен реактор

Published

on

Првичните планови за Меѓународната истражувачка станица на Месечината (ILRS), предводена од Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа презентацијата на кинески вселенски претставник во средата.

Презентацијата на Пеи Жаоју, главен инженер на кинеската мисија „Chang’e-8“ во 2028 година, покажува дека снабдувањето со енергија на идната база може да зависи и од големите соларни панели што ќе се градат на сателитот на Земјата.

Целта на мисијата „Chang’e-8“ е да се постават темелите за изградба на постојана лунарна база со екипаж. Кина има амбиции да стане водечка вселенска сила и да постави астронаути на Месечината до 2030 година.

Оваа цел се совпаѓа со поамбициозниот план на американската NASA, чија програма „Artemis“ има цел да испрати американски астронаути на површината на Месечината во декември оваа година.

Ву Веирен, член на Кинеската академија за инженерство и главен дизајнер на кинескиот проект за истражување на Месечината, минатата година изјави дека „основниот модел“ на ILRS на јужниот пол на Месечината ќе биде изграден до 2035 година.

Мисијата „Сhang’e“ е дел од фазата на изградба на тој модел, нагласи Ву.

Во иднина, Кина ќе го започне „555 Project“, кој има цел да покани 50 земји, 500 меѓународни научни институции и пет илјади научници да се приклучат на ILRS.

Continue Reading

Магазин

Ова е најлошиот хороскопски знак: Овие луѓе го имаат најтешкиот карактер и никогаш нема да ви го покажат вистинското лице!

Published

on

Дали навистина Водолијата е „најлошиот“ знак во хороскопот?

Можеби некој роден во овој знак веќе е дел од вашиот живот? Што мислите вие – дали Водолијата е најтешкиот карактер меѓу хороскопските знаци?

Тешко е да се поверува дека припадниците на овој знак имаат скриена страна – лице кое ретко го покажуваат. Водолиите се познати по својата силна енергија и моќ да гледаат на проблемите од различни агли, секогаш обидувајќи се да донесат мудри одлуки.

Но, нивната потреба за слобода често ги тера да избегнуваат луѓе и ситуации кои ги ограничуваат. Тие се родени меѓу 21 јануари и 20 февруари и се сметаат за смирени, стабилни и рационални. Но, кога се повредени – може да покажат сосема друго лице.

Како фиксен знак, Водолијата е стабилна, но истовремено и тврдоглава. Некои дури велат дека токму таа е „најлошиот“ знак во зодијакот.

Луѓето кои не ги познаваат доволно Водолиите често ги доживуваат како ладни и непристојни. Можат да делуваат како да немаат манири или емпатија, но вистината е дека тие едноставно се водат според тоа како се чувствуваат во моментот – без преголема грижа за туѓите реакции.

Иако обично немаат лоша намера, нивното однесување понекогаш знае да предизвика негативни реакции кај другите. Чувството за хумор им е специфично – често саркастично, а знаат и да се пошегуваат на туѓа сметка или на чувствителни теми, што може да ги направи несфатени.

Уран – планетата на изненадувањата – е силно присутна во нивната натална карта, поради што Водолиите имаат уникатна, често непредвидлива природа. Иако се емоционални, својата чувствителност ретко ја покажуваат.

Кога станува збор за љубов и врски, Водолиите тешко воспоставуваат стабилни и длабоки односи. Знаат да бидат и променливи и тврдоглави – што дополнително го отежнува одржувањето на врската.

Дали вие познавате некоја Водолија? И што мислите – дали тие навистина се најтешкиот знак во зодијакот?

Continue Reading

Магазин

Сашо Серафимовски пеш се упати кон Јаши, Романија каде се моштите на Св. Петка

Published

on

Сашо Серафимовски од Скопје пеш се упати кон романскиот град Јаши, каде ќе го посети соборниот храм каде се сместени моштите на Света Петка.

Тој пешки ќе помине дистанца од 1253 километри а со него е придружба со комбе, за секој случај.

Минатиот месец Серафимовски пеш замина и за манастирот Рилски во Бугарија.

Серафимовски во следните неколку месеци пеш ќе се упати и ќе ги посети манастирите Тумане, во Србјија, Острог во Црна Гора, а ќе испешачи и до Света Гора.

Редакцијата на 24инфо на Серафимовки му посакува лесно и безбедно патување до крајната дестинација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк