Connect with us

Република

Граѓаните бараат да го видат проектот за депонијата во Пелагонија: Јавна расправа во Новаци

Published

on

Забелешките на граѓаните се граѓаните се да се прават центри за процесирање на отпад, а не за закопување на отпад.

БИТОЛА – За власта е разбирлива грижата кај граѓаните за новата регионална депонија што според плановите треба да се гради во Пелагонија, но потенцира дека проектот е започнат во 2019 година во времето на СДСМ и плановите течат. Граѓаните присутни на расправата во Општина Новаци побараа да го видат проектот за да знаат што се планира во плодната житница и кажаа дека во настапите на битолчани нема политичка заднина, туку само желба да се озаконат постојните депонии и дека граѓаните сакаат да се направат центри за процесирање на отпад, а не центри за закопување на отпад. Односно, 90 проценти од отпадот да се рециклира по примерот на европски депонии, пишува Независен.

На јавната расправа што денеска се одржа во Новаци се зборуваше за плановите за изградба на Регионален центар за управување со отпад за 18 општини од југозападниот регион. На расправата се презентираше проектот, а се споделуваа и локални искуства и примери за диви депонии и нови проекти за заштита на животната средина и придобивки од реализирани центри за третирање на отпад.

„Разбирлива е грижата која што постои кај граѓаните. Всушност таа грижа постоеше и кај нас кога дојдовме на власт и додека не го видиме проектот како одела постапката, што се случувало и како сме дојдени до оваа фаза. Со нас се луѓето од Министерство за животна средина и експертите кои години наназад работел на овој проект. Овој проект е започнат во 2019 година. Во 2022 е постигнат договорот со ЕБОР. Во 2023 година е земен кредитот од 55 милиони евра и имаме грант од 41,5 милиони евра кои се дел од овој проект“, изјави Ане Лашковска, заменик-министер за животна средина.

Експертите веќе работат на сите постапки што ќе значат влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните. Дополнителните истражувања ќе водат кон дополнителни мерки, оние кои се веќе додадени во студијата за оценка на влијанието врз животната средина.

Прочитај го целиот текст на Независен

Република

НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со новиот директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, актерот Димитрија Доксевски. На средбата се разговараше за плановите со кои директорот на фестивалот ќе пристапи кон организација на новото фестивалско издание на „Браќа Манаки“. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека Општина Битола, продолжува да обезбедува поддршка за овој значаен фестивал за Битола, кој е вистински промотор на градот во светски рамки.

Continue Reading

Република

Коњановски со 59 проектни апликации за над 800 милиони денари: Битола бара поддршка од Владината програма

Published

on

Општина Битола денес достави 59 апликативни формулари за вкупно 36 инфраструктурни проекти до Министерството за локална самоуправа, во рамки на Јавниот повик за финансирање на општини од Потпрограмата АА. Како што истакна градоначалникот Тони Коњановски, апликациите се резултат на подготвена проектна документација за приоритетни проекти со вкупна вредност од над 800 милиони денари.

Предвидените проекти вклучуваат реконструкција на улици, замена на канализациона и водоводна мрежа, изградба на три спортски сали во основни училишта и 10 нови спортски игралишта со осветлување. Во план е и изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“.

Повикот за аплицирање трае до 30 април, по што министерствата ќе ги објават одобрените проекти.

Continue Reading

Република

АМСМ: Од утре привремена промена во сообраќајот на делницата кон Тетово

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк