Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Конечно се огласија заробените кинески војници во Украина: “Русија не измами”

by Уредник
15.04.2025
in Uncategorized
Конечно се огласија заробените кинески војници во Украина: “Русија не измами”

Заробените кинески државјани во Украина: „Русија не вовлече во замка“

Двајцата кинески државјани, кои биле заробени додека се бореле на страната на руската армија во источна Украина, изјавија на прес-конференција во Киев дека биле „намамени“ од Москва и дека нивното учество во конфликтот било резултат на измама.

Според украинската новинска агенција „Интерфакс-Украина“, мажите – чии идентитети не се откриваат – нагласија дека кинеската влада не знаела дека тие биле регрутирани од страна на руската војска, туку дека потпишале договори преку посредници, убедени дека станува збор за легална и мирољубива ангажираност.

Едниот од нив, кој ја изгубил работата за време на пандемијата со Ковид-19, изјави дека сакал да работи како медицински техничар на фронтот. „Сакав да бидам болничар. Верував дека ќе помагам, не дека ќе завршам ранет и заробен. Предадов се кога сфатив во што сум се впуштил“, рече тој.

Тој посочи дека кинеските медиуми често го прикажуваат пријателството со Русија во позитивно светло, што, според него, создава искривена слика која може да доведе до манипулации. „Сè што ни кажаа Русите се покажа како лага. Ова беше замка“, изјави тој.

Вториот заробеник, кој доаѓа од финансиски стабилно семејство, рече дека во Русија дошол како турист, без никаква претстава дека ќе заврши во војна. „Не знаев речиси ништо за Украина, а уште помалку очекував да бидам во униформа на бојното поле“, изјави тој.

Двајцата велат дека биле заробени на 8 април, веднаш по нивното пристигнување на фронтот, и тврдат дека не учествувале во борби ниту во убиства на украински војници.

Само ден подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека најмалку 155 кинески државјани моментално се борат во редовите на руската армија и дека кинеските власти се свесни за, како што ја нарече, „системска кампања на регрутација“ организирана од Москва.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, ги отфрли овие тврдења, оценувајќи ги како „неодговорни“.

Заробените Кинези изразија желба да се вратат во татковината и изјавија дека се подготвени да се соочат со последици, бидејќи кинеските закони строго го забрануваат учеството на нејзини државјани во вооружени конфликти во странство – без разлика на страната.

Next Post

Ѓорѓиевски: Финансиска поддршка за жртвите на семејно насилство

Пчелар открива: Доколку ве касне пчела, оса или стршен, направете го ова и нема да имате никаков оток или болка

Пчелар открива: Доколку ве касне пчела, оса или стршен, направете го ова и нема да имате никаков оток или болка

Препорачани Вести

Мајка им ги одзела таблетите на своите две ќерки- завршила во затвор

Мајка им ги одзела таблетите на своите две ќерки- завршила во затвор

9 months ago

Утрово земјотрес во Хрватска

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.