Connect with us

Свет

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ ќе го спречи развојот на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска остро се спротивстави на идејата за прием на Украина во Европската унија, оценувајќи дека тоа претставува сериозна закана за економскиот развој на неговата земја.

„Унгарија е соочена со опасност од историја. Ако Украина стане членка на ЕУ, сите средства на унгарските граѓани ќе одат кон нашиот источен сосед“, изјави Орбан при отворањето на нова делница од автопатот М-44.

Тој предупреди дека, според планот за забрзано пристапување на Украина во ЕУ, кој вчера беше презентиран во Брисел, Унгарија не само што нема да ги добие европските фондови кои ѝ припаѓаат, туку дополнително ќе биде принудена да вложува сопствени буџетски средства во Киев.

„Ако ова се реализира, долго време нема да можеме да инвестираме дома. Нема да има ни патишта, ни развој“, рече Орбан, според унгарскиот медиум „Немзет“.

Премиерот најави иницијатива за референдум преку кој унгарските граѓани ќе можат директно да го изразат својот став за евентуалното членство на Украина во ЕУ.

„Ова прашање ќе биде клучно за иднината на Унгарија. Брисел и партијата Тиса се за, а ние – националните сили – сме против“, порача Орбан, додавајќи дека Брисел има цел да воспостави проукраинска влада во Будимпешта, која би ги прифатила барањата на Киев.

Според него, сојузот меѓу Брисел и Тиса е директна закана за животниот стандард на унгарскиот народ.

„Тие сакаат Унгарија да пропадне. Ние нема да го дозволиме тоа. Ќе продолжиме по својот пат, ќе ја направиме Унгарија успешна, без разлика на притисоците“, рече Орбан, најавувајќи „голема борба“ што следува.

Advertisement

Свет

Трагедија во Русија: Воен транспортен авион Ан-22 се урна, сите патници загинаа

Москва, 9 декември 2025 – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Во авионот се наоѓале седум лица, сите загинале, јави дневниот весник „Комерсант“.

Во моментот се спроведува операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Се работи за авионот „Антонов Ан-22“, развиен во 1960-те години за време на советската ера. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 е наменет за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански операции.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Continue Reading

Свет

Песков: Тврдењата за воена агресија на Путин кон НАТО се целосна глупост

Москва, 9 декември 2025 – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска категорично демантираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне земја членка на НАТО.

„Тоа не одговара на реалноста“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин повеќепати јавно истакнал дека обновување на Советскиот Сојуз е невозможно. „Да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, сојузници од ЗНД и другите форми на интеграција. Очигледно, господинот Мерц не знае за тоа“, додаде портпаролот на Кремљ.

Во однос на наводните подготовки за напад врз НАТО, Песков ја нарече оваа теза „целосна глупост“ и повика јавноста да се информира од примарниот извор – самиот претседател Путин.

Портпаролот исто така ги коментираше и мировните преговори во Украина. На новинарско прашање за контакти меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, Песков потврди дека Русија е во постојан контакт со американската администрација и очекува резултати од дискусиите за мировниот план со украинската страна.

Continue Reading

Свет

Во Австралија социјалните мрежи забранети за деца под 16 години

Од полноќ по локално време, во Австралија официјално стапи на сила забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Според новите правила, платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб мора да ги блокираат сметките на малолетни корисници или ќе се соочат со казни што можат да достигнат до 33 милиони долари, јавува Ројтерс.

Мерката доби силна поддршка од родителски организации и активисти за заштита на децата, кои ја сметаат за неопходен чекор за заштита на најмладите од штетни содржини и онлајн ризици. Од друга страна, технолошките компании и застапниците за слобода на говорот ја критикуваат мерката како претерано рестриктивна.

Оваа законска забрана претставува прв конкретен обид да се регулира пристапот на деца до дигиталните платформи и се смета дека може да стане модел и за други земји кои разгледуваат имплементација на слични ограничувања.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг