Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

by Уредник
15.04.2025
in Uncategorized

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност. Анализата ја спроведе по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице.

Упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. Според Комисијата, регулаторен ризик се забележува и во однос на проверката на условите за вршење угостителска дејност, во постапката и условите за давање лиценца, во однос на казните, а не е јасно и кои дополнителни дејности покрај угостителската се опфатени со Законот.

– Во член 4а став 2 утврдивме регулаторен ризик – одредбата овозможува упис на физички лица во Региостарот за вршење угостиелска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално техничките услови, доволно е лицето само да достави пријава до ДПИ без обврска надлежниот орган да ја верификува точноста на наводите. Ризикот е во тоа што постапката е формално завршена без реална потврда на исполнетост на условите што создава правна празнина поради отстуство на обврската за контролен надзор прд регистрација и се отвора простор за декларативни пријави што во пракса значи дозвола за вршење дејност без реална проверка шт може да има последици врз здравјето и безбедноста на гостите. ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување писмена согласност од ДПИ или друг надлежен орган со што ќе се потврди исполнетоста на минимално техничките услови пред уписот во Регистарот. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата на Законот.

Во однос на казните, наместо предвидените инспекциски мерки како опомена, задолжување или забрана, се предвидува врачување покана за едукација што не е, рече Димитровска, во согласност со важечките законски процедури.

– Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, призволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци, истакна претседателката на ДКСК која укажа дека мора да се усогласи член 59 од Законот за угостителска дејност со член 82 од Законот за инспекциски надзор.

Заклучокот на ДКСК е дека во Законот за угостителска дејност постојат бројни регулаторни ризици поради недоволно прецизно, нецелосно и неконзистентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надележен орган.

– Се забележува и правна неусогласеност со други системски закони, пред се со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци што води до правна несигурност и различа примена во пракса. Овие нормативни слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации, потенцира претседателката.

Извештајот од спроведена антикорупциска проверка со кој покрај Законот за угостителска дејност се опфатени и Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експолозивни материи ќе биде јавно објавен, но ќе биде и доставен до предлагачот, како и до институциите што ги имплементираат и регулираат овие закони.

На денешната седница на ДКСК која е во тек, на дневен ред се и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на член 14 од Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи.

Next Post

Димитриеска-Кочоска: Финансиски едуцирано население носи економски развој

Кардиолог предупредува: Три пијалаци кои најмногу му штетат на срцето

Кардиолог предупредува: Три пијалаци кои најмногу му штетат на срцето

Препорачани Вести

Манев за таткото на Вања: Тој не е инволвиран во случајот!

Манев за таткото на Вања: Тој не е инволвиран во случајот!

10 months ago
Доколку ова не го знаете, вратете ја возачката дозвола! Кој има предност во оваа ситуација? (ФОТО)

Доколку ова не го знаете, вратете ја возачката дозвола! Кој има предност во оваа ситуација? (ФОТО)

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.