Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нова ера за дуалното образование: Хајделберг факултет и НЛБ Банка стануваат стратешки партнери

by Уредник
16.04.2025
in Uncategorized

Скопје, 16 април 2025 – Хајделберг факултет и НЛБ Банка АД Скопје официјално ги здружија силите во имплементацијата на германскиот модел на дуално високо образование во Северна Македонија. Партнерството беше официјализирано со потпишување на Меморандум за соработка на 14 април во просториите на банката.

Во име на НЛБ Банка, документот го потпишаа м-р Дејан Маџовски, директор на сектор за човечки ресурси и Елизабета Саздовска, помошник директор, додека Хајделберг Факултет беше претставен од м-р Даниела Стефаноска, директорка и проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Одборот на директори.

Со овој меморандум се отвораат нови можности за студентите, можност за практична настава во рамки на реномирана банка, работа на реални проекти и директно менторство од докажани експерти од финансискиот сектор.

„Партнерството со НЛБ Банка е голем чекор напред во визијата за градење на образовен модел кој ги подготвува студентите за реалниот свет. Нашата цел е да креираме генерации подготвени да се вклучат во современиот пазар на труд уште за време на студиите,“ изјави проф. д-р Улрих Цајтел.

Хајделберг факултет е прв во земјата кој системски го воведе концептот на дуално образование – со комбинирање на академско знаење и професионална пракса. Преку оваа соработка, студентите ќе имаат уникатна можност да учат и работат истовремено, градејќи релевантни вештини и искуство во текот на целиот тригодишен циклус.

Како што беше нагласено на настанот, факултетот е под супервизија на Универзитетот Провадис од Франкфурт и веќе е акредитиран како партнер за германски додипломски студии во регионот на Западен Балкан.

Од НЛБ Банка нагласуваат дека ваквото партнерство е дел од нивната долгорочна стратегија за поддршка на младите и развој на талентирани кадри. „Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината – а токму со овој модел, го скратуваме јазот меѓу теоријата и праксата,“ велат од банката.

Соработката предвидува вклучување на студенти во активни проекти, менторирање, како и можност за кариера во рамки на НЛБ уште од прва студиска година.

Next Post
Руската армија ја нападна Одеса со дронови

Руската армија ја нападна Одеса со дронови

Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани

Препорачани Вести

Село Држилово, Сопиште под снег и без струја

4 months ago
„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.