Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Под истрага е „СФЕРА интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ-фондови

by Уредник
16.04.2025
in Uncategorized

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска соопшти дека  ја одзела акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА интернешнал“ – Битола долгогодишен корисник на ЕУ-фондови и оти започнала постапка кон Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежи  за сторени злоупотреби на европски средства од оваа организација.

„Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија. Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти,  ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки. Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ-фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра. Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите  за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација“, наведува НАЕОПМ во соопштение.

Во моментов, стои во соопштението,  се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво.

„Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди. Ги уверуваме сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките“, соопшти Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Next Post

НАЕОПМ стартува едукативна кампања од Кочани – парите за репрезентација одат за училишен прибор

Ескалираше трговската војна помеѓу САД и Кина: Трамп воведе нови царини од 245% за Кина

Ескалираше трговската војна помеѓу САД и Кина: Трамп воведе нови царини од 245% за Кина

Препорачани Вести

Голема акција во Србија: Разбиена мрежа за фалсификување документи, уапсени и двајца полицајци

2 months ago

Нови руски напади го парализираа електроснабдувањето во Украина

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.