Connect with us

Република

Потребен ни е организиран систем на депонии на државно ниво, вели Коњановски

Во своето гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ со Драган Милосавлевиќ на ТВ Алфа, градоначалникот на Оштина Битола, Тони Коњановски зборуваше за настанатата ситуација со депонијата во Новаци.

„Од една страна ја разбирам вознемиреноста на јавноста. Зборувам и како граѓанин, и како градоначалник, и како родител, и како лекар. Мојата специјалност е во јавното здравство, област која директно ги чувствува тие причини, последични врски на сето она што претставува загадување. Да појаснам два термини кои често ги мешаме. Во моментов, она што го имаме во државата е немање систем или постоење ѓубришта. Она што во моментот го имаме на депонијата во Новаци, која по ниеден критериум не депонија, туку е ѓубриште како полуорганизиран систем на отпад.“ објасни градоначалникот за т.н. депонија во Новаци.


„Од друга страна, она што треба да го добиеме и го има Европа и светот и не постои друга алтернатива, е организиран систем на справување со тврд отпад или регионален систем на справување со тврд отпад. Депонијата е само еден дел од тој систем, тој систем опфаќа: начин на примарна селекција – собирање во неколку контејнери, адекватен начин на транспорт не како застарениот возен парк во моментот, транспортни или прифатни станици во кој тој ќе се доселектира се до начинот на депонирање на депонија. Да појаснам, депонијата која треба да се изработи е државен проект, проект кој е наназад од 2016-2017 година согласно европските критериуми. Да влеземе во ЕУ, утредента таа депонија ќе биде затворена.“ тој дополни и потсети на добиениот европски проект на државата кој предвидува 8 депонии, кои со текот на времето се имаат сведено на пет депонии.


„Според физибилити студија, работена од еминентни експерти од проблематиката, се доаѓа до ситуација поради економска исплатливост на таков систем потребна ви се минимум 250,000 жители. Она што би се правело во регионот на Битола, пелистерскиот, пелагонискиот и југозападниот регион, би била територија од 18 општини и околу 330-350 илјади жители.“ предвидува градоначалникот Коњановски во ситуација да почне да се работи на организиран систем на депонии во државата.


Покрај овој реон, останатите четири би претставувале спојување на вардарскиот со југоисточниот регион, источниот со југоисточниот, целиот полошки реон и една во главниот град.

Advertisement

Република

Битола во празничен ритам: започнува најголемиот зимски фестивал во државата

Прочитајте ги секојдневните програмски содржини на фотографиите или разгледајте ја Програмата на „Зимска приказна“ на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-25-26/

Од 20 декември до 5 јануари, не пропуштајте да бидете дел од „Зимска приказна“.

Многу музика, детска програма, кино на отворено, возот „Мечо“, празничниот автобус и уште многу други содржини за сите генерации.

Годинава, бројките ја потврдуваат приказната:
-над 200 часа програма низ целиот град
-од нив, околу 35 часа детска програма
-67 бендови
-повеќе од 20 соло изведувачи
-5 фолклорни друштва
-2 градинки и 11 училишта како активен дел од програмата

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.
Ова е декемврискиот ритам на Битола.

Continue Reading

Република

ВЛЕН: Волјата на граѓаните ќе се потврди на изборите во Гостивар и Врапчиште

Коалицијата ВЛЕН најави силен настап на претстојните локални избори што ќе се одржат на 11 јануари, со јасна стратегија и поддршка за кандидати кои, како што велат од коалицијата, ја претставуваат волјата на граѓаните.

Во Општина Гостивар, ВЛЕН ќе настапи со реден број 1 на гласачкото ливче, предводена од кандидатот за градоначалник Невзат Бејта. Во Врапчиште, пак, коалицијата ја поддржува независната кандидатура на Зулхајрат Демири, кој се наоѓа под реден број 5.

Од ВЛЕН посочуваат дека симболиката на броевите 1 и 5 е во духот на слоганот „Еден глас“, кој ја отсликува нивната политика заснована на одлуки што произлегуваат директно од граѓаните.

Коалицијата потсетува дека веќе остварила победа во 10 општини, што, според нив, претставува јасен сигнал дека албанските гласачи ја отфрлиле, како што ја нарекуваат, политичката манипулација позната како „референдум“. ВЛЕН оценува дека ова е доказ за промената што ја бараат граѓаните и за слабеењето на политичките структури кои, според нив, денес формално опстојуваат само во Гостивар и Врапчиште.

„11 јануари е датум кога оваа волја повторно ќе се потврди“, порачуваат од коалицијата, повикувајќи ги граѓаните на Гостивар и Врапчиште да се обединат и да гласаат – број 1 во Гостивар и број 5 во Врапчиште – за, како што наведуваат, победа и власт што работи во интерес на народот.

Continue Reading

Република

Повеќе тетовски села утре без електрична енергија поради планирани прекини

evn

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 18 декември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат надлежните служби.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од селото Челопек, и тоа објекти лоцирани во средниот дел на селото, како и објекти во близина на училиштето. Исто така, прекин во снабдувањето ќе има и во селото Милетино, каде без електрична енергија ќе останат објекти во близина на автобуската станица во т.н. Македонско Маало.

Планиран прекин е најавен и за селото Порој, каде дел од населението исто така ќе биде без струја во истиот временски интервал.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и информираат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг