Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Откриена планета што можеби крие вонземјани!

by Уредник
17.04.2025
in Uncategorized

На планета во соѕвездието Лав многу поголема од нашата се откриени траги на две соединенија што на Земјата ги создава само биолошка активност. Астрофизичарите го сметаат тоа за досега најубедлив доказ дека живот постои надвор од Сончевиот систем. Нема знаци за вонземна цивилизација, но откритието ни помага да одговориме на вечното прашање дали сме сами во Универзумот.

Кај голема планета оддалечена 124 светлосни години астрономи ги откриле досега најцврстите знаци за живот. Кога вселенскиот телескоп Џејмс Веб се фокусирал на планетата К2-18б открил траги од соединенија за кои научниците тврдат дека може да ги создаде само жив свет. Астрофизичарите укажуваат дека присуството на диметил сулфид и диметил дисулфид не се стопроцентен доказ за биолошка активност, но и дека никогаш не биле поблизу до таков заклучок.

На нашата планета сулфидите DMS и DMDS се производ од морскиот фитопланктон и се сметаат за биопотписи на Земјата.

Ова е најсилниот доказ досега за биолошка активност надвор од Сончевиот систем. Ова може да биде точка на пресврт во обидот да одговориме на фундаменталното прашање дали сме сами во Универзумот, изјави астрофизичарот Нику Мадхусудан од Универзитетот во Кембриџ кој ги предводеше набљудувањата. 

Планетата К2-18б во соѕвездието Лав е 2,6 пати поголема од Земјата и девет пати потешка. Околу својата ѕвезда, црвено џуџе двојно помало од Сонцето, орбитира во зона погодна за живот, на далечина со температури што овозможуваат водата да биде во течна состојба.

Уште во 2019 година, кога со вселенскиот телескоп Хабл регистрирал знаци за водена пареа во атмосферата, научниците ја прогласија за „планета најзгодна за населување“ надвор од Сончевиот систем.
Набљудувања со помоќни телескопи покажале дека трагите не биле од вода, туку од метан. Но, откривањето на други соединенија укажува дека К2-18б сепак е покриена со огромен и длабок океан, кој дава услови за биолошка активност.

Наодите укажуваат на концентрации на DMS, DMDS илјадници пати посилни од нивното ниво на Земјата. Калкулациите покажале веројатност од 0,3% дека тие се појавиле случајно, а не како производ на живот како фитопланктоните.

Засега не постои познат процес што може да го објасни ова без биологија, вели Мадусудан.

Не се отфрла можноста дека диметил сулфидот на планетата го донеле удари на комети, но за да се откријат траги би бил потребен неверојатно голем интензитет на бомбардирање. Други астрофизичари потсетуваат дека сè уште поголеми шанси за живот има на Марс и на сатурновиот сателит Енцеладус, отколку на К2-18б.

Невозможно е да се стигне до небесна топка оддалечена 124 светлосни години за да се откријат други детали. Мадусудан забележува дека истражувањето на вселената е важно за нас на Земјата.

Во астрономијата, прашањето никогаш не е како да се стигне таму. Се обидуваме да утврдиме дали законите на биологијата се универзални. Не мораме да се нурнеме во вода за да фатиме риба, вели астрофизичарот од Кембриџ.

Next Post

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Две деца на возраст од 8 и 10 години и нивниот татко загинаа синоќа во страшна сообраќајка кај Ѓаково

РУСИЈА ПАК ВО ИГРА: очајната ЕУ на работ на капитулација - без руски гас немаме индустрија

Препорачани Вести

Страшното невреме кое ја зафати Канада, остави повеќе од 400.000 луѓе без електрична енергија

Страшното невреме кое ја зафати Канада, остави повеќе од 400.000 луѓе без електрична енергија

10 months ago
Полицијата уапси возач во пробиштипско: Управувал возило со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Полицијата уапси возач во пробиштипско: Управувал возило со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.