Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Колку навистина ќе ве чини реновирањето на бањата?

by Уредник
18.04.2025
in Uncategorized

Повеќето сопственици на станови и куќи го одложуваат реновирањето на бањата се додека не дојде до сериозни дефекти или кога ќе одлучат да го продадат/издадат имотот. Причината лежи во фактот што реновирањето на бањата е тежок и нималку евтин процес. Во продолжение дознајте колку навистина ќе ве чини реновирањето на бањата и кои се работи се вклучени во реновирањето?

Со реновирање ќе ја подобрите функционалноста и естетиката на бањата. Ќе го оптимизирате постоечкиот простор со подобар распоред, ќе ги замените дотраените инсталации, ќе ги отстраните видливите оштетувања и ќе го подобрите изгледот на бањата.

Реновирањето на бањата е добар начин да ја зголемите пазарната вредност на вашиот имот. Имено, ништо не ги одбива потенцијалните купувачи како дотраена, неуредна бања, бидејќи знаат дека поправката ќе бара големи материјални инвестиции. Интересно е да се забележи дека, според експертите, состојбата на бањата има влијание од 5-10% врз вкупната вредност на имотот.

Но, колку ќе ве чини сето ова? Платформата Daibau, каде што се регистриран над 150 компании за реновирање бањи, спроведе истражување меѓу нив за да даде одговор на прашањето што сите ги интересира – колку навистина ќе ве чини да ја реновирате бањата?

Демонтажа на постоечки елементи и плочки

Овој чекор е неопходен за да дојдете до водоводот, но и доколку сакате да ги смените постоечките плочки и да ја замените санитарната опрема – лабавата, тоалетна шолја, туш кабина/када. Ова е идеална можност за замена на кадата со туш кабина и обратно.

Вадењето плочките и санитарија ќе предизвика многу бучава, па ако живеете во зграда, известете ги соседите за работата. Трошоци за демонтирање на мијалници, ормани и слично и носење на депонија чини околу 15 евра по елемент. Отстранување на кадата или тушот и носење на депонија чини 35 евра и отстранување на керамичките плочки и отстранување на шут до депонијата околу 6 евра/м2.

Нови водоводни и електрични инсталации

Една од основните работи при реновирање на бања е замена на дотраен водовод. Само така вашата бања ќе ве служи долги години по реновирањето, без никакви проблеми. Зошто замената на водоводот е толку важна? Бидејќи дефектите предизвикуваат голема материјална штета: поплави кои ги оштетуваат подните облоги, ѕидовите, гниење на мебелот за бања, ширење на мувла. Проблемот со водоводот може да предизвика штета и на вашите соседи ако живеете во стан, како и во соседните соби.

Поставувањето на нови цевки, вентили и сифони се врши по однапред утврден план. Ова е работа која бара вештина, искуство и соодветни алатки, а потребно е да контактирате и водоинсталатер. Преуредување на водоводни инсталации, заедно со материјалот би чинело околу 500 евраза помала бања.

Кога водоинсталатерот ќе ја заврши работата, тогаш доаѓа електричарот кој по потреба треба да ги замени инсталациите за бојлерот, машината за перење, да постави дополнителни штекери или осветлување. Електричарите треба да ги проверат жиците за време на реновирањето на бањата, заради безбедност. Просечни трошоци за електро инсталација се околу 15 евра/м2.

Хидроизолација

Покрај замената на водоводот, хидроизолацијата е една од најважните работи за време на реновирањето на бањата. Хидроизолацијата ја штити бањата од пенетрација на вода низ плочките и ѕидовите. Оваа работа ја вршат или водоинсталатери или керамичари, како што ќе се договорите.

Мајсторите поставуваат хидроизолација на добро подготвена, рамна површина, обично во два слоја, посветувајќи посебно внимание на подните и ѕидните споеви. Поставување хидроизолација во два слоја, со брзосушечка хидроизолациона маса изнесува околу 4 евра/м2, додека изработка на ѕидна хидроизолација со еднокомпонентна маса со брзо сушење изнесува околу 5 евра/м2.

Поставување плочки и белење

На ред доаѓа поставување на плочки, односно керамички работи. Плочки може да залепите само на подот, што е најевтината опција, до половина од ѕидот, што е практично, но донекаде застарен метот и до таванот, што е најскап, но најдобар избор. Бањата со плочки од подот до таванот успешно ќе го издржи тестот на времето и е лесна за одржување.

Можете да изберете плочки со различни големини (плочките со голем формат се актуелни), форма и дизајн, со фуги во иста или различна боја. Доколку имате мала бања, изберете светли плочки бидејќи тие визуелно го зголемуваат просторот и го прават бигорот помалку видлив.

За лепење плочки со стандардни димензии на подготвената подлога мајстор за плочки, за работна рака ќе ви наплати од 10-16 евра/м2. Цената на плочки со среден квалитет, со различни димензии е помеѓу 4 и 12 ЕУР/м2.

Делови од бањата кои не се обложени со плочки, претежно таванот, потребно е да се избелат.

Поставување санитарија

Потоа следува „козметичката“ работа – набавка и монтажа на нова санитарна опрема – туш кабина, када, мијалник, тоалетна шолја. При поставување на санитарната опрема потребно е просторот помеѓу санитарната опрема и ѕидот/подот да се запечати со висококвалитетен силикон, за да се спречи навлегување на вода и појава на мувла.

Монтажа на када ќе ве чини околу 60 евра, приближно колку и туш кабина, монтажа на ВЦ шолја околу 30 евра, мијалник 40-тина евра. Тука е и мебелот за бања – монтажа на ормани за бања чини околу 30 евра.

Бидејќи реновирањето на бањата е процес кој бара ангажман на различни мајстори, договарање термини со сите нив, размислете за реновирање на бањата по принципот „клуч на рака“. Голем број компании за реновирање бањи ја нудат оваа услуга, така што нема да морате да се грижите за координирање на работата на мајсторот или да барате мајстори поединечно. Конкретно, реновирање бања, каде што е вклучена замена на керамика, инсталации и санитарна опрема, се движи околу 600 евра по м2.

Next Post

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Апсење во Скопје: Приведени тројца разбојници

Препорачани Вести

Лишени од слобода две лица поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави

Лишени од слобода две лица поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави

2 months ago

ВЛЕН обвинува за незаконска градба во Сарај: Бара одговор од Арсовска за урбаната „империја“ на ДУИ

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.