Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Букбокс интервју со Андреј Цветановски по премиерата на „Црно семе“: „Ако ние не ги раскажеме нашите приказни, нема да има кој“

by Уредник
19.04.2025
in Uncategorized

Премиерата на „Црно семе“ во Битолскиот народен театар се совпаѓа со две годишнини: 100 години од издавањето на Абецедарот, букварот на македонски јазик отпечатен во Атина во мај 1925 на лерински народен говор и 90 години од раѓањето на Ташко Георгиевски. Со режисерот Андреј Цветановски зборуваме за истовремената универзалност, но и посебноста на трагичната судбина на ликовите, кои на Садизмот и Бескрупулозноста одговараат со Чистота и Истрајност.

Романот „Црно семе“ на Ташко Георгиевски од 1966 е потресно дело што ја отвора темата за македонскиот идентитет. Кој е вашиот мотив за оваа нова драматизација (по онаа за истоимениот филм од 1971 на Кирил Ценевски) – дали конкретната судбина на населението од Егејска Македонија или третирањето на универзални теми за човечките права, репресијата и облиците на отпор?

Темата на „Црно семе“ е голема, посебно за историјата на Македонецот од Егејска Македонија. Но таа е релевантна и за сите други приказни за луѓето кои завршиле на слични места како островите кои се користеле како концентрациони кампови. Морам да признам дека двете причини постоеја во мојата глава и наизменично стануваа приоритетни во делот на подготовка за пробите. Но како што се кристализираше сликата во мојата глава, така сфатив дека големината на темата е универзална, и дека секој мал народ има слична судбина во однос на непризнавањето на потребата да се чувствуваат како свои. Преку занимавањето со прашањето дали треба да се издржи и да се остане свој и покрај сите притисоци, мислам дека направивме претстава која зборува за индивидуалното страдање и начинот на кој секој еден човек го носи крстот, и како се бори со тоа да остане свој, но и што е она што го крепи да издржи, бидејќи „Мислата е посилна од сè“!

Се има впечаток дека во медиумите и кај стручната јавност (лингвисти, историчари), подолг период темите поврзани со децата-бегалци и воопшто со историјата на Егејска Македонија отсуствуваат. Па и во уметноста, како таа да замира со заминувањето на повозрасната генерација автори, кои како и Георгиевски ја доживеале судбината за којашто пишуваат. Дали вашата претстава е обид за заживување на оваа дискусија, која нужно повлекува и политички толкувања?

Мислам дека е многу важно да зборуваме за нашите теми и за нашите приказни. Приказните кои постојат во нашата традиција треба да останат живи за новите генерации да не ги заборават и да им станат туѓи и далечни. А мислам дека веќе сме оддалечени од темата, посебно младите генерации кои не ја знаат приказната за големиот егзодус и раселувањето на 28 илјади деца во период од две години. За да се создава национално чувство, треба да ги знаеме своите приказни. Потребно е да ја знаеме својата историја и многу потребно е да ги раскажуваме нашите приказни. Бидејќи ако ние не ги раскажуваме, нема да има кој да ги раскажува. Со текот на времето ќе паднат во заборав.

Целото интервју можете да го прочитате на off.net.mk

Next Post

Светските производители на воени дронови се соочуваат со сериозен проблем

Хаос на границите со Грција и Србија – часови чекање и колони од автомобили

Препорачани Вести

Лишен од слобода 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии

Лишен од слобода 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии

7 months ago
На повидок нова соработка: Украина и САД подготвуваат „мега-договор“

На повидок нова соработка: Украина и САД подготвуваат „мега-договор“

6 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.