Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Како ќе реагира Путин на овој потег? Една од најмоќните држави во светот одлучи да и помогне на Украина

by Уредник
19.04.2025
in Uncategorized
Како ќе реагира Путин на овој потег? Една од најмоќните држави во светот одлучи да и помогне на Украина

Украина и Јапонија потпишаа кредитен договор вреден три милијарди долари

Украина и Јапонија склучија договор за доделување на кредит во износ до 471,9 милијарди јапонски јени (околу 3 милијарди американски долари), соопшти украинското Министерство за финансии. Средствата ќе бидат отплатени од приходите остварени од замрзнатиот руски државен имот.

Според соопштението, министерот за финансии на Украина, Сергеј Марченко, и амбасадорот на Јапонија во Украина, Масаши Накагоме, го потпишале договорот, кој е дел од глобалната иницијатива на Г7 за итно зголемување на финансиската поддршка за Украина (ERA), вредна околу 50 милијарди долари.

Кредитот е со рок на отплата од 30 години и е наменет за поддршка на клучните буџетски потреби, како и за обновата и развојот на Украина.

Марченко се заблагодари на Владата и народот на Јапонија за „критично важната поддршка“, истакнувајќи дека Токио ѝ има доделено на Украина повеќе од 8,5 милијарди долари од почетокот на руската инвазија.

Иницијативата ERA предвидува користење на замрзнатите руски средства за обезбедување долгорочно финансирање на Украина. Европската Унија ќе учествува со 20 милијарди долари во рамки на оваа програма.

Во декември 2024, Украина потпиша договор со ЕУ за воспоставување на Механизам за соработка во кредитирањето (ULCM), што овозможува користење на средствата од замрзнатиот руски имот за отплата на кредити до 45 милијарди евра.

Истата година, Украина доби и милијарда долари помош од САД во рамки на истиот механизам.

Next Post
Нова трагедија ја потресе Македонија: 19-годишно момче загина во страшна сообраќајна несреќа

Нова трагедија ја потресе Македонија: 19-годишно момче загина во страшна сообраќајна несреќа

После дожд, иде сонце: Навивачите на Реал Мадрид ги добија најдобрите вести

После дожд, иде сонце: Навивачите на Реал Мадрид ги добија најдобрите вести

Препорачани Вести

Апсење во Скопје: Приведени тројца разбојници

9 months ago
Се огласи војникот кој пукаше синоќа во Белград: „Се борев за својот живот“

Се огласи војникот кој пукаше синоќа во Белград: „Се борев за својот живот“

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.