Connect with us

Магазин

Конечно среќата им се насмевна: Лексис и Дејвид добија ќерка по десет сина

Лексис и Дејвид Брет велат дека конечно им се исполнила желбата да имаат ќерка, откако веќе се родители на десет сина. Лексис рече дека се омажила на 22 години и дека пораснала како единствено дете, па не знаела дали во иднина сака да има големо семејство.

Уште кога се венчале го добиле првото дете. По раѓањето на првиот син Кембел, не размислувале за уште деца. Но, по неколку месеци, Алексис повторно забременила и родила уште еден син Харисон.

Во текот на следните 16 години ги добиле и Кори, Лахлан, Броди, Бран, Хантер, Мек, Бејк и Ротагаид. Десет деца и сите биле машки. Во 2018 година, на Бадник, Алексис сфатила дека е повторно бремена, па и двајцата мислеле дека ќе добијат уште еден син.

По неколку месеци, за време на прегледот, не можеле да поверуваат кога лекарот им кажал дека чекаат девојче. Им било тешко да се навикнат, но рекоа дека за брзо почнале сосема ново поглавје во нивните животи. За прпват почнале да купуваат женска облека.

Во август 2019 година, Алексис ја родила малата Камерон, која стана првата ќерка на семејството Брет. Исто така, раѓањето имало позитивен ефект врз целото семејство. Дејвид рекол дека момчињата почнале да се однесуваат многу подобро откако добиле сестра.

Алексис сега има 11 деца и рече дека ќе застане тука иако го кажа истото и по нејзиниот 10-ти син. Но, овој пат инсистира дека нејзините бремености се минато.

Иако живеат во голема куќа со пет спални соби, сепак и Лексис и Дејвид велат дека била премала за 11 деца, но состојбата наскоро ќе се подобри бидејќи постарите синови ќе почнат со факултет во следните неколку години.

Advertisement

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading

Магазин

Galaxy A серија – телефоните што ги разбираат младите како совршен подарок за празниците

Новогодишните празници се време кога бараме подароци што имаат вистинска вредност – практични, модерни и создадени да траат. Токму тука настапува Samsung Galaxy A серијата, линија на паметни телефони што совршено ги разбираат младите, односно оние кои го преземаат светот – генерацијата З. Создадени за „зумерите“ кои живеат дигитално, креативно и брзо, серијата нуди уреди како Galaxy A26, A36 или A56 кои се идеален празничен подарок што носи технологија, стил и паметни функции по попристапна цена.

Паметна технологија за секојдневие

Новите генерации очекуваат телефон што размислува заедно со нив. Со Awesome Intelligence, Galaxy A серијата користи вештачка интелигенција за да се приспособи на навиките на корисникот – од подобри фотографии, до побрза и пофлуидна работа со апликации. Без разлика дали се работи за учење, работа, креативно создавање или забава, Galaxy A е подготвен за сè.

Камери за моменти што заслужуваат да се споделат

Празниците се создадени за спомени, а Galaxy A серијата знае колку се важни тие моменти. Со напредни камери и AI поддршка, фотографиите и видеата изгледаат одлично во секоја ситуација – од семејни прослави до спонтани моменти со пријателите. Ноќните фотографии, видеата и селфијата се јасни, живописни и подготвени за социјалните мрежи.

Стил, сигурност и достапност

Минималистичкиот дизајн, големите и живописни екрани и сигурната заштита со Samsung Knox ја прават Galaxy A серијата практичен и стилски избор. А најдоброто? Сето ова доаѓа по цена што е прифатлива за поширок круг корисници – совршено за празнично дарување без компромиси. И исто толку важно – серијата Galaxy А обезбедува 6 години ажурирања на оперативниот систем за долгорочна употреба и квалитет. А ако сакате да ги проверите или испробате функциите на Galaxy уред, тука е апликацијата Try Galaxy, која можете да ја преземете на вашиот постоечки телефон.

Оваа Нова година, подарете технологија што навистина значи нешто. Galaxy A серијата не е само телефон – тоа е подарок што ја разбира новата генерација и ги следи во секој чекор од нивната дигитална авантура.

Continue Reading

Магазин

Овие земји се светските шампиони во математика

matematika

Математиката одамна не е само училишен предмет – таа е тивката сила што ги движи модерните економии. Од технолошки иновации до анализа на податоци и продуктивност, земјите што инвестираат во силни математички вештини кај младите си обезбедуваат чекор предност во глобалната трка.

Најновите податоци од ПИСА 2022, истражувањето на ОЕЦД што ги оценува 15–16-годишните ученици, јасно ја покажуваат оваа нееднаквост. ПИСА не го мери само знаењето „на памет“, туку способноста математиката да се примени во реални, секојдневни ситуации – клучна вештина за 21 век. Резултатите се движат од под 400 до над 600 поени, додека просекот на ОЕЦД изнесува 472.

Источна Азија уште еднаш го потврдува својот статус на глобален лидер. Сингапур е убедливо на врвот со импресивни 575 поени, далеку над меѓународниот просек. Веднаш зад него се Макао, Тајван, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја – земји кои со децении градат системи со строги наставни програми, високи очекувања и силна култура на академска дисциплина.

Европа не заостанува драматично, но ретко стигнува до самиот врв. Естонија се истакнува како европски шампион, а по неа следат Швајцарија и Холандија. Ирска, Белгија, Данска и Полска се движат околу или малку над границата од 500 поени – резултати што укажуваат на стабилни, но не и доминантни образовни системи.

Забележливо е отсуството на земји од Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка на оваа листа. Тоа не е случајност, туку сигнал за длабоки и долготрајни нееднаквости во пристапот до квалитетно образование. Додека едни региони ја градат иднината врз силна математичка писменост, други сè уште се борат да го фатат чекорот.

ПИСА 2022 уште еднаш испраќа јасна порака: инвестицијата во математиката не е трошок, туку стратегија за економска и општествена иднина. Земјите што тоа го разбираат – веќе ги гледаат резултатите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг