Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се претставувал како полицаец, ги запирал возачите и ги прашувал што пиеле

by Уредник
19.04.2025
in Uncategorized

Мехо М.(29) од Босна и Херцеговина е осуден на условна казна од половина година затвор затоа што претставувајќи се дека е полицаец, запирал возачи кои ги идентификувал и ги прашувал дали нешто консумирале, пишуваат медиумите во регионот.

Општинскиот суд, постапувајќи по обвинението на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон го осуди за продолженото кривично дело лажно претставување.

Обвинет е дека минатата година ноќта меѓу 12 и 13 ноември прво се претставувал како полицаец на регионалниот пат Прњавор – Нови Шехер во градот Вуково.

Го запрел А.Ј. и се претставил како полициски службеник и од него побарал возачка дозвола и потврда за регистрација на возило и притоа пријавениот се обидел да изврши претрес на неговото „бмв“.

Полицаецот според написите, се упатил во правец на Тешањ, па на главниот пат Добој – Теслиќ повторно тргнал на „работа“.

Таму запрел автомобил управуван од М.Ј., по што се претставил како полициски службеник и од возачот побарал возачка дозвола и потврда за регистрација.

Потоа му се обратил:

„Дали пиевте нешто. Ајде, имам среќа што те познавам“, му кажал..

Збунетиот возач продолжил кон Добој.

Со овие дејствија пријавениот сторил продолжено кривично дело лажно претставување и му е изречена условна казна, а казната нема да му се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Next Post

Владин службеник наредил да се испразни брана за да си го најде телефонот

Стоп за паметните телефони: Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија за да им кажат на своите деца дека не можат да имаат паметен телефон до средно училиште

Препорачани Вести

Ozzy Osbourne – Пред две недели со концерт се прости од публиката, денес засекогаш ја напушти сцената

6 months ago

Масовни протести во Истанбул поради апсењето на Имамоглу: Се намалува поддршката за Ердоган

10 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.