Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Војна помеѓу сточари и земјоделци: Сточари убиле најмалку 17 луѓе во Нигерија

by Уредник
19.04.2025
in Uncategorized
Војна помеѓу сточари и земјоделци: Сточари убиле најмалку 17 луѓе во Нигерија

Нови крвави напади во централна Нигерија – најмалку 17 загинати

Најмалку 17 лица загинаа во најновиот бран насилства што ги потресоа заедниците во централниот дел на Нигерија, откако сточари извршија вооружени напади, соопшти локалната полиција.

Инцидентите доаѓаат само два дена по нападот во областа Отукпо во државата Бенуе, каде беа убиени 11 лица, и една недела по масакрот во соседната држава Плато, каде настрадаа над 50 цивили, пренесува агенцијата Ројтерс.

Според податоците на истражувачката организација „SBM Intelligence“, од 2019 година досега во слични конфликти во регионот животот го загубиле над 500 луѓе, а околу 2,2 милиони биле приморани да ги напуштат своите домови.

Последниот напад се случил во областа Гбагир во државата Бенуе, каде група сточари вчера изутрина убиле петмина земјоделци. Полицијата соопшти дека напаѓачите отвориле оган додека органите на редот се обидувале да ги неутрализираат.

Во друг напад што речиси истовремено се случил во областа Лого, биле убиени уште 12 лица, информира портпаролот на полицијата Севусе Анене.

Судирите меѓу сточари и земјоделци со години го загрозуваат снабдувањето со храна во централниот дел на Нигерија – регион од клучно значење за земјоделството, нагласува Ројтерс.

Next Post
Од лето ќе се вози по сосема обновен пат од Охрид до Свети Наум

Од лето ќе се вози по сосема обновен пат од Охрид до Свети Наум

Доколку имате заштеда во долари, ова се веројатно најлошите вести за вас

Доколку имате заштеда во долари, ова се веројатно најлошите вести за вас

Препорачани Вести

Вучиќ го изненади Балканот: Погледнете што изјави за Новак Ѓоковиќ

Вучиќ го изненади Балканот: Погледнете што изјави за Новак Ѓоковиќ

7 months ago

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

10 months ago

Популарни Вести

  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Мицкоски на Тетовското Кале по повод Св. Атанасиј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Индонезија: Бројот на жртви од свлечиштето достигна 49

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.